Си купив дискови и плочки за колата, секако преку
@Prcot , благодарам за одличните цени и доставата

Одлука падна на Febi Bilstein (и Tomex задни дискови, зошто немаше Febi Bilstein комплет) пред се поради цена, и поради тоа што
@Simo - Carrier159 убаво кажа - џабе најскапи кочници со ниско/средна класа гуми.
Сега уште да најдам кој ќе ги смени, бидејќи мајсторот ми е на одмор следни 2 недели.
Одржувањето на колата ме чини доста повеќе од куповната цена, па не мислам дека вреди да се трупа со премиум квалитет делови кога и нема да ја чувам вечно. Битно е се да е исправно.
Купено и 1 литар масло, и филтер за масло, а остатокот од маслото иде од залиха од претходна промена, па оваа промена ќе ме кошта само 1000 денари, наместо 3000+ колку што е регуларно.
Филтер за воздух добив од Симо, K&N, и филтер за кабина добив од Симо, Бош карбонски, останати од неговото МиТо. Секако, не останав дужен

Предни дискови, со фарбани површини

Предни плочки со вградени сензори:

Задни дискови, целосно фарбани:

Задни плочки, минијатурни:

Филтер за масло, ориџиџи Џерманија:
