Автор Тема: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp  (Прочитано 74873 пати)

Присутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #720 на: 30 Октомври 2024, 16:44:35 pm »
Два апдејти за октомври, среќа сите планирани ;D - регистрација и годишен сервис + пумпа за куплунг, за тотал од 26.000 денари, и пак си возиш 15 години стара кола.

03 октомври - регистрација, и како и по обичај, поради непостоечка гужва и делумно поради гратис 10 литри гориво, обавена во Петрол Оил во Геге: 2850 денари технички и МВР, 6975 денари авто-одговорност во Кроација.

17 октомври - сменета десна Џенон сијалица во Дог Секјурити: 600 денари.

29 октомври - редовен годишен сервис, делови набавени од кај @Prcot:
- масло Shell Helix HX8 ECT 5W-40 - 4L - 2960 денари - значително поскапено маслото
- филтер за масло Mann - 360 денари
- филтер за воздух - Filtron (го избрав овој зошто конечно почнале да ги прават како ОЕМ, со филц пре-филтер) - 580 денари
- карбонски филтер за кабина - Bosch - 500 денари
- NGK Iridium IKR9J8 - 4000 денари - и на овие рипнала цената за 500че

Екстра на овој сервис е горна пумпа за куплунг, која реално требаше да ја сменам во исто време со куплунг сетот и замаецот, ама во тој момент бев финансиски оштетен ;D

Си дојде време, мајсторот вика „мечка родив да ја извадам без да ти ја расклопам пола кола“, и конечно сега секое притискање на педала за куплунг е предвидливо, bite-point е на исто место, педалата е уште помека и полесна за модулирање... Лепота е за возење :)

Пумпата ја бирав Sachs зошто по кратко истражување другите производители кои ми ги понуди Прчко беа лутрија - на кутијата можело да пишува нешто, внатре да си има друг производител. Со Sachs тоа никогаш не ми се десило.

Ценичка: 3800 денари за делот, 2700 денари за промена + изгубен глицерин.

Мал inconvenience по промената е што иако делот беше OEM part number компатибилен, педалата за куплунг стои некои 5-6 сантиметри повисоко од порано, не е веќе на иста висина со кочницата. Сигурно има некоја финтица, ќе се потрудам да ја најдам.

Слики немам, ништо визуелно не се смени на колата ;D

Присутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #721 на: 30 Октомври 2024, 19:53:17 pm »
- NGK Iridium IKR9J8 - 4000 денари - и на овие рипнала цената за 500че

Во Фас-Вас ги платив 5400 денари 4 исти свеќици во јануари годинава.
Памет за другпат :D

Присутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #722 на: 31 Октомври 2024, 00:18:53 am »
Памет за друг пат (од прилика за 2 години пак ќе ти требаат свеќици) е било каков дел и да ти треба, прво со @Prcot па ако не може со него, ќе бараш чаре на други место ;D

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7056
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #723 на: 31 Октомври 2024, 07:05:26 am »
Мислам дека как секоја кола педалата за кумплуг е поподигната од таа за кочница, можеби не за 5-6 цм ама за 2-3 сигурно.
Да не ти била пропадната поради пумпата па си мислел дека така треба?!?
Како и да е, со убаво нека е.

Присутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #724 на: 16 Ноември 2024, 16:44:36 pm »
На 178.000 километри, Митоцакис си доби староново воланче.

Тие што ја отвараат темава почесто ќе се сетат дека пробав да го спасам мојот волан преку фарбање на централната пластика, и фарбање на кожата дури два пати, ама педантеријата во мене не можеше да си го поднесе тоа особено кога од топлините, лакот на пластиката почна да се гужва и да станува леплив (се глеа на сликата, сами ќе приметите кој е стариот):



Воланот го порачав од некој холандски растурач кој ми ја одвали балканската и ни на слики, ни во опис не го пријави следниот недостаток - фалеше конецот што ги поврзува двете страни на кожата на 1/5 од периметарот на воланот:



Се мислев што да правам, да го враќам назад во Холандија немаше шанси. Барав по шивачки продавници дебел конец, немаше баш ист, само потенки... Па ми текна, си отидов во Аутолидер, кај навлаките со шиење, знам дека имаат услуга да шијат навлаки на лице место, па сигурно им остануваат парчиња конец. Така и бидна, најдов, отидов на каса, викам парчево колку пари, ми вика "бегај ајде фала што зачисти" ;D

Си дојдов дома, го извадив остатокот од конецот, и се фатив за работа да шијам од почеток до крај на кракот, и еве го делот кај што фалеше:



Со тоа поправено, решив да поправам и една своја глупост од пред 3 години кога го вградував темпоматот - дупката кај што треба да влезе жабицата за кожата меѓу километражата и воланот ми се скрши и стоеше неубаво, па ја оформив дупката со леткум и пластика. Грубо ама ќе врши работа. Уз пат рачно го заполирав поликарбонатот, малце подобро изгледа.


Отсутен kire95

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1837
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #725 на: 16 Ноември 2024, 19:13:02 pm »
Тие ситни детали најмногу бодат очи, супер испаднало меракот сега поголем, пс. Како го изведе транспортот знам прашуваше во една тема?

Присутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #726 на: 16 Ноември 2024, 21:19:57 pm »
Тие ситни детали најмногу бодат очи, супер испаднало меракот сега поголем, пс. Како го изведе транспортот знам прашуваше во една тема?

Транспортот бидна преку една страница што носи делови за точак по нарачка, ама носи и све и свашта ако си порачаш сам.

20 евра ми наплатија за услугата.

Присутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #727 на: 25 Ноември 2024, 17:27:07 pm »
Уш еден апдејт, не позитивен овој пат :)

Истиот ден кога си го ставив новиот-за-мене волан, си ја изгребав колата:





Враќајќи се во рикверц кон влез за подземна гаража, некаде замаан со паметот го промашив аголот на пристап, и наместо задното тркало да оди по рампата, пропадна и си го набив прагот, т.е. ме снајде "падна во дупка, двете гуми ги руши".

Барав мајстор што не е слаткар и што нема да го наполни со кит, зш 'ногу е пропаднато, туку ќе се посвети да го извлече и врати металот како мајка шо го родила, па после да шлагира и фарбира.

Другарка што работи во сервис за коли ми препорача сервис што на нивни клиенти им фарба и средува коли и од кој се задоволни, па таму ја однесов колата - он тврдеше дека може локално да фарба и се да китира, јас му реков цела страна да ја фарба (задно крило + врата), па ќе видиме дали ќе ви го фалам или кудам мајсторот за некој ден.

Живи и здрави, прва козметичка штета на кола во минатите 7-8 години што јас сум ја предизвикал.

Присутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2748
  • Слобода или смрт
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #728 на: 25 Ноември 2024, 18:23:07 pm »
Ова е толку ниско што јас искрено не би му се замарал и би го оставил така или евентуално да се префарба само тој дел. Немаш потреба од префарбување цело крило.

Присутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14291
  • Пудингот на шоферството
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #729 на: 25 Ноември 2024, 21:03:14 pm »
Фарбај само праг и друг пат не слушај препорака за авто-лимар,авто-механичар или што и да е поврзано со авто-...... од женско лице.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен nikola98

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 395
  • The best or nothing.
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #730 на: 25 Ноември 2024, 21:26:30 pm »
Ова ќе ти го извлече профи лимар, со спотер. И ќе го фарбаш само прагот.

Присутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #731 на: 25 Ноември 2024, 21:35:10 pm »
@MecheTo каков цар ;D

Чуено со лимарофарбарот, така и ќе било, извлекување прво, фарбање само локално и прелаз кон вратата и на вратата, и се тоа нова тура лак заедно.

Ќе видиме што ќе излезе :)


Присутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #732 на: 27 Ноември 2024, 18:00:58 pm »
Вратен Митоцакис на фабрички подесувања:



Колата ја работеше Bekteshi Autocolor, работи со PPG Refinish производи (фабричката Nero Etna боја на Алфа е производ на PPG) и колата е сработена извонредно, иако имало доста извлекување.

Решил да ја фарба и вратата цела, не со прелаз, и од тоа што гледавме и со неговата дитејлинг ламба, и на денска светлина, бојата, типот и количината на металик се 100% идентични како фабричката на предното крило.

Ете и блицот кај што дава отсјај може да се види.

Од мене има препорака, одлично сработено, јас задоволен :)

Присутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7833
  • Плинаш!!!
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #733 на: 27 Ноември 2024, 21:08:04 pm »
Убаво сработено, браво. А со цена како е?

Sent from my 23124RA7EO using Tapatalk


Присутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: 2009 Alfa Romeo MiTo, 1.4 Turbo 120hp
« Одговори #734 на: 27 Ноември 2024, 21:21:22 pm »
Во просек 100 евра по панел за ситни корекции без многу пеглање.