Кај мене на Сеникот (2014) сам се ресетира на период од 250 километри, но со предуслов да има повеќе од една третина гориво во резервоарот. И јас во почетокот барав решение, пробав и со еден емултатор, не реагираше за жал, и сега веќе не ми смета. Читав за ова многу по интернет, и дојдов до заклучок дека дури ни французите немаат стандардно решение за ова, како ни објаснување зошто на два исти модела автомобил со ист мотор и електроника, различно се манифестира овој ефект. Некаде само се ресетира по секое палење, некаде воопшто не, некаде може со емулатор и слично...