Од мое лично искуство - го вадам стариот филтер. Колку можам подлабоко со цревото, го усисувам куќиштето од филтерот, пошто кога е валкан филтерот, при вадење - го стругаш по ѕидовите од куќиштето, а со тоа и тресеш дел од прашината што е веќе на филтерот.
Дувам со воздух од горе па надоле - низ отворите од шалт-таблата и низ отворите под седиштата. Испаѓа уште нечистотија низ куќиштето, јер нема што да ја спречи.
Пак усисувам во куќиштето. Го пуштам вентилаторот на 4-ка. Е тука е лајт шоу - прашина лета од сегде. Пак усисувам, ама сега и низ речиси цел ентериер.
Пуштам пареа, колку-толку да одработи. Пуштам бомба. Оставам 10 минути да се луфтира, финално усисувам и ставам нов филтер.
Оваа метода мене најдобро ми се има покажано. Бар прашината е исчистена најдобро што може. Мириси - не сум имал никогаш.
Наредна промена, гледав на YT, бомбата ја ставаат баш да пука ДИРЕКТНО ВО куќиштето од филтерот. Ќе пробам таа метода дали ќе промени нешто.