Ако те бара, одговори, професионално. Само кажи му ги условите пред да почнеш. Старо купујем нека си викне пред дитејлинг.
Ама не, не беше само ова проблем. Испаднаа уште куп други - околу вратите да сум му фател, од надворешна страна. Викам, ОК, ама таму треба вода, само ќе се замачка. Ако, пребриши. Пребришав, се замачка, не го бендиса. Ми вика, со влажна јас сега ќе се качам, ќе го пребришам. Слободно, му викам, ќе го замачкаш. Ми вика "ќе го замачкам викаш, а?", демек се согласи. Му викам кога ќе ти го перат од надвор нареден пат, кажи им и таму да фатат. Ми вика "кој да го пере?". И тука замолчав.
Фрижидерот не сум го исчистил, мирисал. Фрижидерот работеше, го испразнив, го избришав. Фрижидер се чисти надвор, исклучен. Нит знам како се исклучува и вади, нит беше дел од договорот. Од фрижидерот се почнувало, викам ОК.
Душезите колку време им требало да се исушат? Викам "човек, душезите ги поминав со правосмукалка и со пареа една рака, не ги чистев мокро, во таа цена душези не влегоа, пошто ќе ми треба колку цел камион тие на влажно да ги минам". А и плус има фирма во Гевгелија што го прави тоа профи, однеси ги, му викам. Аха, добро.
Еден куп приговори.
А да, ми рече дека ако го испразнел он камионот од "ѓубрето", сам ќе си го исчистел цел.
Е затоа викам дали ќе одговорам на повикот.
Ние имавме таков случај одамна ,испадна едно ливче од ѓубрето да има пишано бр кој на муштеријата му требал а истото беше фрлено на под претходно.Се утепавме бркање по кантата за ѓубре да го најдеме и од тогаш се во кеси па он нека си селектира што му треба што не 😁
Е затоа јас нит знам, нит сум должен да знам што е ѓубре, а што не.