Чекајте сеа малку...
Секоја струка си има стручни изрази и термини.
Пример - јас сум правник по вокација. Кога ќе ти вметнам клаузула интабуланди во договорот, (пример) секако дека нема да знаеш што значи тоа. Но, дали тоа значи дека јас треба да го поедноставувам терминот, во зависност од странката од другата страна? Ако е правник, тогаш да стои "сlausula intabulandi", а ако не е правник, во договорот ќе ја оптегнам пола страна само за дефиницијата што всушност значи клаузула интабуланди.
Не мислам така. Кога веќе термините, изразите и самата работа диктираат можност да се расфрлам со "фенси" зборови, зошто да не? Neisseria gonorrhoeae е уствари трипер, ама докторот во дијагноза или во упат не ти пишува трипер или капавец, него си го пишува стручниот, официјалниот назив.
Музичарите си имаат, уметниците си имаат, архитектите си имаат, дури и механичарите си имаат...
"Ајншлаг цинцилатор е ротациона гебланга за доток на масло во дефуфната". Се разбира, се заебавам.
На крајот од краиштата, прашај "што е ова"? Стварно сум правник, општо сакам да зборувам, а не па за дитејлинг. И тоа што не те интересира ќе ти објаснам.
А за "перење од надвор" и "хемиско внатре", ене ги пералните што перат за 40 минути и што кошта услугата 250 денари. Со сета должна почит кон нив, ама мојата замисла е малку поинаква.
Мене лично ми е многу подраго кога ќе видам дека некој си ја сака работата, се потрудил да воведе нешто ново, и е професионален "до каде што оди". Е сега, јас ако не знам што значи конкретно нешто, или ќе прашам, или чичо Гоогле е тука. Тоа е, ако ме интересира. Ако не, имам доверба во тој што сум му ја оставил колата кај него - колку чини, дај да ти платам и чао.
Башка, овие работи ќе стануваат се почести. Сите ќе почнеме да си го цениме малку повеќе трудот и знаењето.
Оувер-симплификацијата мислам дека не е здрава, во никој случај. Мислам дека е и една од причините што тапкаме во место толку долго, ама тоа е тема за друг муабет.
А и мислам дека самата листа е напишана наједноставно, колку што дозволува нашиот речник за конкретната работа. Ама, кажав, сакам да се расфрлам малку...