Автор Тема: Мобилен дитејлер  (Прочитано 47150 пати)

Присутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20212
Одг: Мобилен дитејлер
« Одговори #195 на: 03 Септември 2021, 09:59:23 am »
Најблиску до агитација (во дитејлинг) на македонски е "буричкање", со цел да ја разложиш нечистотијата, за послесно да ја отстраниш.

Дитејлер - спреј за брзо нанесување заштита, или БСД, за нас.

Мек заштитен филм? На што? И дитејлерот остава мек заштитен филм.

Дресинг може да има на гуми, пластики, кожа. И не е само за заштита, него и за личос.

Пробиотско е ова...



ОК, ќе поработам на листата, но нема да ја кратам, дефинитивно.
Имаме и ние збор агитација.
http://drmj.eu/show/%D0%B0%D0%B3%D0%B8%D1%82%D0%B0%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0/%D0%B6

мн. агитации
Вид збор: Именка, женски род
Ранг: 17709
Усна или писмена дејност со цел да се дејствува на масите преку ширење на определени идеи; средство на политичка борба, поттикнување, наговарање.

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Мобилен дитејлер
« Одговори #196 на: 03 Септември 2021, 10:00:52 am »
Не ти ја разбирам поентата зошто на некој би му кажувал агитација на горна половина од возило? Што е потребата? Или зошто си правник сакаш да си ко Фрчко, тој само странски и латински зборови употребуваше да изгледа паметен, а е една тешка празна шупелка. Не ти ја сфаќам поентата? Ако сакаш да делуваш профи тогаш работата треба да те издвои, а за тој дел си О Д Л И Ч Е Н!!! Што ти значи агитација? Или надразнување на наши ако е тоа? Значи секое перење е агитација, нема поента да пишуваш агитација, исто како да си напишал перење со сунгер и мрдање на раката горе доле. Значи се подразбира се што правиш во терминот надворешно перење.

За рандом регулар корисник термините за перење кола се - Перење кола (црево и фери), хемиско за внатре (со крпче прашина да бришеш и тоа е хемиско :D) и секој можен восок/заштита го викаат полирање :D

Или како што ти кажа кире, на задна страна со фуснота објасни се што е наведено или кога ќе ја предаваш колата, давај го листот и одржи 5минутна презентација што се си сработил. Значи јас да не се разбирам што е детајлинг и некој да ми рече ке ми стави бомба со пробитско антибактериско делување, ја земам колата и со летање бегам.

За да го разбере некој списоков твој, треба 1000 видеа на јутуб прво да изгледа, да сфати што се работи. Сепак, крајно неписмена нација и држава сме. Колку што не чини оверсимплификација, толку и оверкомпликација не чини.
« Последно менување: 03 Септември 2021, 10:06:27 am Inter1 »

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6433
Одг: Мобилен дитејлер
« Одговори #197 на: 03 Септември 2021, 10:13:38 am »
Прашај, и ќе ти кажам.

Агитација на горна половина од возилото, значи дека обрнувам внимание и дека користам различна МФ ракавица за горниот дел, различна за долниот, со цел да избегнам крос-контаминација (односно да ја влечкам нечистотијата низ цела кола), иако ја запазувам фазата на бесконтактно предперење, без разлика колку е ефикасна или не.

Работата ме двои, ама и техничкиот дел ако ме двои, нема да шкоди.

Не целам на рандом корисник. Целам на специфична клиентела, која ќе го цени трудот и професионалноста, и ќе плати многу повеќе за услугата од што би платил кај рандом перална. А и ќе добие 10, 15 пати поквалитетна услуга од кај рандом перална.

5-те минути (мада повеќе се), на крај, покрај листот, СЕ ГАРАНТИРАНИ, што се сум сработил. Да, ќе ти кажам нешто, ама ако гледам дека матно ме гледаш, знам дека не ти е јасно, и ти објаснувам накратко, затоа од 5 стануваат 10. Сум имал ситуации кога воопшто нејќе да му објаснуваш, му се допаѓа тоа што го гледа, плаќа и чао. А сум имал и ситуации кога внимателно те слуша, иако не разбира - на мое задоволство.

Со луѓе - така е. Сите сме различни. А тоа што сме неписмени, во право си. Ама, јас не сум дел од таа маса, и сакам сите тоа да го знаат.

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Мобилен дитејлер
« Одговори #198 на: 03 Септември 2021, 10:19:53 am »
Епа тогаш нема никаква поента твоево прашање 2 страни наназад:

Ај едно блиц прашање...
Планирам вака нешто да (из)давам после секое завршување на возилото, се разбира, пополнето.

И требало да пишеш само дека не е прашање, туку факт/констатација. Од денес издавам ова, па немаше потреба од 2 страни допишување, ќе ти пишевме само браво, топ ти текнало и така :D

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Мобилен дитејлер
« Одговори #199 на: 03 Септември 2021, 10:36:44 am »
Размислував и Дизел ти си во право!!! Се претходно мое избриши. Сепак сме најнеписмена нација во светов што се пали на странски и латински изрази. Факт - 30 години политика. Не е битно кој што направил (никој ништо нема направено ни работено) туку најбитно е кој како се изразува - факт Фрчко и ред други новинари и политичари. Значи ти можеш исто гнасна кола да им вратиш, ама со листот и со изразите тие ќе мислат којзнае што се случило. Се е психа - на нашево поднебје отсекогаш било, а и ке остане ФОРМАТА,  не содржината. Така да терај имаш од мене 1000000% подршка и извини за претходни постови, не размислив подлабоко што како.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6433
Одг: Мобилен дитејлер
« Одговори #200 на: 03 Септември 2021, 10:52:09 am »
Има поента, се е продуктивно, ти кажав.

Гледаш? Ама добро, и јас некои работи ги согледувам со работата, со искуството.

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Мобилен дитејлер
« Одговори #201 на: 03 Септември 2021, 11:00:34 am »
Признавам згрешив. Ти си во ПРАВО морам да признаам!!!
Ама небитно, од грешките се учи, да не направевме подолг муабет, немаше да стигнеме до целта. И да во право си, презентацијата е најбитна инаку стварно ќе те рачунаат за 30минутна перална, вака кога ќе видат лист, ќе си речат овој докторирал на колава :)  Бранел тема :D 

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8891
  • Малерозен дрводарец
Одг: Мобилен дитејлер
« Одговори #202 на: 03 Септември 2021, 13:50:25 pm »
Еден шамар и оп Кирилица без прекин.
Ми се допаѓа ова.  ;D
Министерство за транс, поп и виски.

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Мобилен дитејлер
« Одговори #203 на: 03 Септември 2021, 14:02:03 pm »
Брату @loopz  на тастатура од ПЦ се е можно АЛТ+Шифт и чуда прави, за мобилен ако знаеш чаре кажи. Малку нуб сум со мобилниве. Плус навикнат сум на латиница на тел, па не ни барам фонт мкд. Така да кажи за андроид чаре ајде за да не те нервирам :D

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10312
Одг: Мобилен дитејлер
« Одговори #204 на: 03 Септември 2021, 15:45:30 pm »
Де бре, тури го јазикот на македонски и веднаш ќе имаш кирилица, потоа си ги шалташ латиницата и кирилицата на глобусчето :)

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6433
Одг: Мобилен дитејлер
« Одговори #205 на: 07 Септември 2021, 09:00:03 am »
Комплетно хемиско на Хонда Сивик...

























Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6433
Одг: Мобилен дитејлер
« Одговори #206 на: 10 Септември 2021, 08:44:45 am »
Уште една S-Class на комплетно средување...































Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7067
  • хаУс мајстор
Одг: Мобилен дитејлер
« Одговори #207 на: 10 Септември 2021, 10:03:58 am »
Бидејќи детајлинг...
Има пасти за хром што само со микрофибер крпа може чуда да направи. Конкретно за издувот забелешка :)

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6433
Одг: Мобилен дитејлер
« Одговори #208 на: 10 Септември 2021, 11:10:06 am »
Трлав многу, тоа е максимумот што можев. Оштетен е.

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Мобилен дитејлер
« Одговори #209 на: 10 Септември 2021, 11:27:10 am »
Трлав многу, тоа е максимумот што можев. Оштетен е.

Рачно или имаш некое полирче? Ако немаш може треба некое малечко да земеш за вакви работи ќе ти се најде.