Еден апдејт за во captains log.
Вчера направен редовен сервис во Porsche MK.
Километража: 81150 (поминати нешто окилу 14000 км)
Цена: права ситница денар/км за редовен серис со златна штопна и Swarovski циркони.
Дополнително сменето старт копчето за палење и гасење на моторот. Ова го приметив уште кога ја земав, но палеше со трикови и изненадно стискање кога најмалце очекуе, ама одење во Porsche за ваква интервенција вклучува „упат за специјалистички“, „мој термин“ и „ургенција кај министеро“. Решив да дочекам редовен и тогаш да го средам. Цена околу 2800 + работна рака.
Дополнително ми спомнаа дека предните плочки се за промена и ми понудија дарежлива опција да ги сменат за само 11000 мкд плус работна рака. Се разбира дека со воодушевување им реков да си ги пишат во буџетот за следното столетие. Во меѓувреме од доверливиот добавувач на авто делови (Прчот) добив инфо дека најскапата варијанта на афтер маркет плочки од АТЕ се значително под ова. Парите за работна рака со задоволство ќе му ги дадам на мајстор од доверба (Жаре).
Од впечатоците нема нешто посебно прменето од првите стеканти во 2000 - 3000 км. Престанав да се нервирам поради DSG-то, и најчесто кога има промени на условите на патот правам промена на модот на возење Eco - Normal - Sport. Разликата е во одзив на педалата за гас и вртежи кога се менува брзина нагоре инадолу. Не којзнае колкава промена но се осеќа, а во критични сутиации кога не е баш се потпомага со шифтерите на волан.
Од овие 14000 км повеќе од 10000 се поминатина отворено. 3500 поминавме на одмор до Хрватска и назад, и прошетките низ разни крајолици на потег Задар -Омиш, стационирани близу до Трогир. Најголемиот дел извозен по автопат.
Од оффроуд можностите срамежливо се свртевме на Бистра и ги посетивме трите бачила без било каков проблем, како што го направија и една Golf Двојка, една Astra B и еден Citroen ZX. Без разлика што е едноставно и не бара којзнае колкав напро за колата не би одел на непозната делница без соодветни гуми и телефонски број од локален тракторист.
Планови за иднина:
Да средам кровни носачи пред одмор, да не зафали уште 300л (имам веќе кровен куфер).
Да купам зимски гуми за другиот одмор.
Да турам гориво, адблуе, редовни сервиси, и да се вози многу.
Според иницијалните планови останува решавањето на зимскиот сетап. Сеуште сум во потрага по рационален и квалитетен сет на гуми или гуми со бандажи. Многу веројатно ќе одам на целосезонски квалитетни гуми бидејќи летниве се веќе 3 години возени а 4 стари ем една ми е распар (претходниот газда имал дешаванка со едната). Така да два сета гуми во краток период е прилична ставка ем чување на волкави тркала по дома е исто предизвик.