Вчера ставив зимски гуми и нови бандажи тојота (215/55/17 Фулда). Како да возам друга кола. Воланот стана полесен, одзивот на педал на гас различен. Некако колата оди многу полесно споредено со летните гуми (235/45/18 Данлоп Спортмаххххх веројатно Run flat). Колата стана многу помека и некако потивка во бучава од гуми (што од ниски температури, што од помала широчина на гуми).
НО... Во кривини/на автопат ја осеќам помалку стабилна и се појави едно мааало чувство на чамец кога вози низ бранчиња... Поудобно за крузање, ама после вчерашните 300км со зимски гуми, некако на брзини од 150+ во нивелирани кривини ми недостигаат летните гуми и нивната директност.
Со летните поминав 11400км за четири месеци (средина на јули до средина на ноември).
Една слика.
пс. Сеуште мислам оти е феноменална кола.