Здраво на сите, го пратам форумов веќе подолго време и знам дека тука е правото место да се праша за совет и мислење од другите корисници.
Нарачав нов автомобил, станува збор за Mercedes CLA, кој што треба да биде доставен почетокот на Септември. Би сакал да слушнам мислења/совети од членовите на форумов поврзано за:
- Која е процедурата за регистрација на возилото? Личната карта ми е од друг град (не од Скопје), претпоставувам таму треба да извршам регистрација. Да ли се земаат пробни таблици или може да завршам работа и без колата да е таму, т.е бидејќи е нова претпоставувам не треба технички преглед?
- Која осигурителна компанија би препорачале за Каско осигурување? Кога станува збор за франшиза, да ли да биде фул каско или?
- Би сакал да ја заштитам колата од гребнатинки (колку толку) па размислувам за PPF фолија. Што мислите за тоа? Дали постојат хемикалии на фолијата која што може да ја оштетат оргиналната боја? Кој мајстор би го препорачале за овој зафат и колку се движат цените од прилика (доколку има некој информација)?
- Бидејќи патувам многу често, ми препорачаа да ставам игла на воланот (во Србија така ја викаат, еве пример:
https://guardianprotec.rs/klin-igla-za-volan-mehanicka-zastita) како заштита од кражба. Што мислите за тоа? Дали постојат мајстори за таа работа кои би ги препорачале во Скопје?
Ви благодарам однапред на сите,
Имајте убав ден