Брати на фиестата xD http://reklama5.mk/AdDetails?ad=3998329
Далеко над буџета
Видена денес колава, возило бр. 16 што го гледам во последниве 30 дена.
https://www.pazar3.mk/oglas/vozila/avtomobili/Ford/Fiesta/se-prodava/skopje/aerodrom/ford-fiesta-titanium/3981037115000 поминати, Titanium, до сега најблиска возна состојба до Фиестата што ја имаме во фамилија, бараат 4900 евра.
Позитивно:
- Ниска километража
- Убаво опремена, со доста екстри над стандрадна Титаниум опрема
- Стегната без тропкање иако е на 195/45/16 тркала
- Голем сервис направен пред неколку месеци
Негативни:
- Прва кола со 1.25 мотор што ја возам, немав идеја дека е доста споричка
- 2008 по стакла, наместо 2009 како што беше огласена
- Козметички работи (браник заден, задно десно крило и предна десна врата набиена и лошо извлечена, што значи цела страна треба да се фарба, волан и менувач малку излижани)
- Нанканг зимски гуми
- Нема многу простор за манипулација со цената.
На сам почеток на потрагата, добив дојава за Мито (дизел, бљак) од први газди што може да се продава поради преселба, па се откажаа од продавање, па еве сеа пак се активираа. Во понеделник ќе можам да зборам со газдите, да ја видам колата и да видам колку ќе бараат.
Во меѓувреме виден Renault Fluence, од братучед, во овластен сервисирана, напукана со опрема, ама на телефон испушти да ми каже дека колата има поминато 336000 километри
Изненаден колку малку и се познаваа во возење.
Видени неколку Фиести од скопски плацеви (снемав опции више, морав и плацеви да посетувам), одвратно понашање, одвратни коли огласени како беспрекорни.