Оф топик ме интересира си имал толку лошо претходно искуство со некој опел или што е причината хате бренд или има поголема позадинска историја кај тебе?
Повеќе лоши искуства на блиски луѓе со возила до генерацијата на Astra H (Корси, Зафири, Астри 3 комада)...
Од 1.4 бензински мотори со изгорени дихтунзи на глава (2 комада) и еден со изгорени вентили, до 1.7 дизели што катастрофално се самоуништиле (2 пати), преку жалосна електроника внатре...
И субјективно, никогаш не сум осетил дека сакам да поседувам некој Опел зошто нудел нешто револуционерно. Безлични ми се.
П.С. Не очекувам никој да дели мислење со мене, многу луѓе тука имаат позитивни искуства со брендот и повторно го купуваат. Јас знам дека за ГМ производ не би дал свои пари.
Јас мислам треба да си го врати стариот аватар
Он топик стрпи се и барај алфа ко ти мерак, турбо бензин секако.
Инаку колега има фиеста како што бараш 1.4 со плин фабрички, фамилијатен чоек е и презадоволен е од неа. Ако погодиш што имаше пред неа те частам пиво.
Имам и јас Фиеста во фамилија, со колата имам извозено околу 20.000 од вкупните 70.000 што ги има. Возачката позиција ми е легната (и можам да ја пронајдам без разлика кој колку го мрда седиштето) и уживање ми е возењето на таа кола.
Алфа или Опел имал претходно?
upm ја очигледно незнам да барам.
Ти си во странство и имаш пари.
Пари има и тука, коли нема. Буџетот е многу флексибилен за правата кола, само што и најскапите примероци не се очигледно правите коли.