Автор Тема: Купувам Fiesta MK7 или Alfa Romeo MiTo  (Прочитано 20442 пати)

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8621
  • Малерозен дрводарец
Одг: Купувам Fiesta MK7 или Alfa Romeo MiTo
« Одговори #30 на: 07 Август 2021, 17:29:06 pm »
Знаеш што треба да направиш, сине.
Не си играј играчки.  ;D
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Купувам Fiesta MK7 или Alfa Romeo MiTo
« Одговори #31 на: 07 Август 2021, 17:43:20 pm »
Да си ги ископам очите, тоа треба да направам. Само тогаш ќе ми се бендиса кола, кога нема да ја гледам.

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8621
  • Малерозен дрводарец
Одг: Купувам Fiesta MK7 или Alfa Romeo MiTo
« Одговори #32 на: 07 Август 2021, 17:45:35 pm »
Или едно лото може да падне исто така...
Може и шеска. :)))
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Купувам Fiesta MK7 или Alfa Romeo MiTo
« Одговори #33 на: 08 Август 2021, 00:44:41 am »
Ти ме учеше, сега јас да ти вратам со истиот совет - Пиши на Avtopazar Makedonija, 150к членови има.

Знаеш дека 30тина возила ми беа мене предложени за мојата понуда :)

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Купувам Fiesta MK7 или Alfa Romeo MiTo
« Одговори #34 на: 08 Август 2021, 21:53:37 pm »
Да си ги ископам очите, тоа треба да направам. Само тогаш ќе ми се бендиса кола, кога нема да ја гледам.

Потполно те разбирам.

Трпение, ќе биде.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7075
Одг: Купувам Fiesta MK7 или Alfa Romeo MiTo
« Одговори #35 на: 09 Август 2021, 14:00:43 pm »
Да си ги ископам очите, тоа треба да направам. Само тогаш ќе ми се бендиса кола, кога нема да ја гледам.

Земи си Голф.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Купувам Fiesta MK7 или Alfa Romeo MiTo
« Одговори #36 на: 09 Август 2021, 14:03:17 pm »
Да си ги ископам очите, тоа треба да направам. Само тогаш ќе ми се бендиса кола, кога нема да ја гледам.
Со ограничен буџет мене лично изгледот би ми бил на последно место или па скоро ич не би се замарал со тоа. Што фајде од убавина ако имаш проблеми постојано? Затоа велам не се ограничувај со конкретни модели туку барај она што механички е во добра состојба. Дали било фиеста, мито, поло, 206, јарис тотално небитно.


Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Купувам Fiesta MK7 или Alfa Romeo MiTo
« Одговори #37 на: 09 Август 2021, 16:15:06 pm »
И со неограничен буџет е иста приказна.

Бев да гледам Clio 2010 година, со 49000 поминати, увезено од Италија. Километри се поклопуваа со iTarga, воедно најскапо на огласи и најскапо по попустот што го понуди продавачот.

Колата имаше 49000, да, ама тешки, мачни 49000. Возена ваљда во град, ламела отидена скроз, држачи на мотор омекнати, задно десно крило китирано од слаткари, па на фарбарите не им се погодила нијансата, па ја зашмирглале и ишприцале цела кола веројатно под дрво за време на песочна бура. Бонус поткинато седиште, бонус скината кожа на менувач.

Океј, таа кола ќе ја изнавози некој што еднакво не се замара за козметиките и токму тој купувач ќе си плати колку што бараат продавачите, ама тоа не сум јас. За најскапиот примерок очекувам инвестиција само во регистрација и сервис на потрошни мстеријали.

Како и да е, не се брзам нешто премногу. Фали кола откако ќе се навикне човек на мобилноста ама ништо страшно.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20115
Одг: Купувам Fiesta MK7 или Alfa Romeo MiTo
« Одговори #38 на: 09 Август 2021, 16:17:38 pm »
Добра кола скоро невозможно е да се најде во Македонија. А последниве години и евтина тешко се наоѓа.

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Купувам Fiesta MK7 или Alfa Romeo MiTo
« Одговори #39 на: 09 Август 2021, 16:29:34 pm »
Само што ќе го пишував тоа истото од @DarthJe5us .

Бидејќи знам колку ти е битно да биде и ентериерот да биде чист и одржуван и сочуван, покрај механичкиот дел, на твое место би го прашал @Diesel за неговата Астра, иако е сосема надвор од твојата кутија за избор.

Многу живеат во заблуда за значењето „како нова“ и „фабрика“, може ја следеше дебатата на Автопазар. Се разбира, зависи и каква потреба имаш од истата. 

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Купувам Fiesta MK7 или Alfa Romeo MiTo
« Одговори #40 на: 09 Август 2021, 16:36:17 pm »
Ме погоди со Астрата ;D

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Купувам Fiesta MK7 или Alfa Romeo MiTo
« Одговори #41 на: 09 Август 2021, 17:42:21 pm »
Да, он Опел нејќе.

А и јас не продавам, така да...

Најмногу што можам да му понудам е едно клаберско хемиско откако ќе купи, како за своја душа и за честито.

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5044
  • The Spartan General
Одг: Купувам Fiesta MK7 или Alfa Romeo MiTo
« Одговори #42 на: 10 Август 2021, 07:59:58 am »
Мартин а да идеше до некој салон да си купеш нова. Ќе ставеш газо под кирија со некој кредит барем нема да се разочаруваш и да си дигаш притисоко на овие жештини.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Купувам Fiesta MK7 или Alfa Romeo MiTo
« Одговори #43 на: 10 Август 2021, 08:56:10 am »
Не е време за ново возило, имам кров над глава за решавање од рубриката големи инвестиции :) Благодарам за предлогот сепак.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: Купувам Fiesta MK7 или Alfa Romeo MiTo
« Одговори #44 на: 10 Август 2021, 10:57:51 am »
Можеби треба да се откажеш од некој момент, како на пример (не толку) идеален надворешен изглед на сметка на механичко сочуван примерок.
Реално во СК, нема никаква култура и само прашање е на време кога ќе се појават гребаници, длапки, град :), скршен ретровизор итн.. Да имаш твоја гаража, да напред со твојот став ама ако немаш..

Да не бидам сфатен погрешно, само се обидувам да те лишам од мн нервози, некои работи не можеш да ги смениш.

Лично, сметам дека некои коли што се понудија на продажба се во мн подобра состојба отколку тоа што ќе го гледаш, иако станува збор за постаро годиште на примероци.

Со среќа потрагата, како и обично ќе се најде кога најмалку се очекува.