Додека Европа гази напред во сите сегменти – економија, технологии, права и животен стандард – ние на ова тло сè уште се соочуваме со групи на испрани мозоци кои доброволно коленечат и им го негираат на луѓето она што им е природно и загарантирано: правото да работат, да создаваат, да напредуваат и да имаат достоинствен и содржаен живот.
Денес сведочиме на коленечење, самопонижување и одбивање на европските вредности. Тоа не може да се оправда ниту да се протолкува како нормално – ниту во делата на најголемите светски книжевници, ниту во мислите на најголемите државници и лидери.
Европа продолжува да чекори напред. Прашањето е: дали и ние ќе тргнеме со неа, или ќе останеме заробени во сопствените заблуди? и зошто ваков душманлк кон сопствениот народ да трајно биде осуден на мизерување. А среќата токму да ја бара во графата подолу.