МК фејк тјунинг
Stage 3 - Лепење на таблица на шасија, без оквир
Сеуште не можам да разберам зошто инсистирање на тој глуп црн оквир околу таблицата кој и онака е наметнат на сила и не е дел од самото возило?
За другите работи се слагам во потполност, ама за оквиров... Барем да е нешто силиконски транспарентен или во боја на каросерија, ајде де..
Оквирот е прпопишан со правило за употреба на таблицата. Дали ја личи таблицата со нејзе или не, тоа е дискутабилно, но истата се користи поради правото на полиција ( и тоа е дискутабилно ) да спрема сопствена проценка истата ја извади.
Ако е заштраена/залепена, ке ја откорне ич не му чуе.
Визуелно не е на сопственикот да одлучува дали личи, има пропис, кој што ние се замислуваме дека сме уметници, па не ни паше со лајсната од браникот, и ајде по свое ќеф ќе тераме.
Тука да ги надополнам и скрнавењата на самите рег. таблици од типот, бришење на црвените линии, партиски знакчиња и амблеми од клубови.
Не зборувам за законско/не законско. Туку едноставно, имаш елемент кој не припаѓа на самото возило. Тоа излегува од фабрика без црн држач за теблица (и без таблица). Не може да се смета елемент од таков тип за „тјунинг“, а уште помалку вадењето на тој елемент за „фејк тјунинг“.
BTW, не си во право и за законитоста на пластиката:
http://www.vozila.mf.edu.mk/Pdf/Zakon%20za%20vozila.pdfПоточно Член 36, став (4)
Вика:
(4) Регистарските таблици задолжително треба да бидат наместени на место што го предвидел производителот на возилото, така да бидат добро видливи и читливи, да не се оштетени, да не се скриени и да не се додатно покриени.
Регистарските таблици задолжително треба да се приковани, или поврзани со завртка или цврсто поставени на друг начин.