И јас исто така имам преку стопанска банка некоја картичка за купување преку интернет. За отварање на paypal акаунт имаше објаснување на некој форум, ако не се лажам на бадијала. Мислам дека регистрирањето беше нормално, само бидејки нема да избереш за Македонија, бираш Словенија и ја пишуваш домашната адреса и градот. Мислам дека тоа беше единствената разлика што наместо Македонија бираш Словенија. Ако го најдам текстот ке го постирам. Инаку другар пред недела време преку амазон си порача ранец. Пратката пристигна неколку дена покасно од тоа што беше напишано. На домашната адреса му стигнала картичка, па со таа картичка се оди во поштата и од таму се подига пакетот и се плакасе и таму околу 110-120ден.