Освен кај д-класа, кај сите останати засилувачи кабелот е најнебитна алка, едино е битно да има соодветен просек. За 130w би поминале макс 5А и тоа на битовите така да било каква лицна со пресек 1,5мм^2 за 4 омски звучки т.е. 1,0мм^2 за 8 омски ќе брка работа и нема да има ама баш никаква разлика со некој "аудиофилски" кабел. Баш за оваа тематила имаше уште одамна пишувано ( и мерено ) во Емитер. Е сега имаш во логинг широка палета на кабли, не им ги знам цените, али на око се убави па нема да ти двојат естетски али немој да далдисуваш по не знам ти какви кавли, како што реков и кбел за 220 да пуштиш звикот ќе биде ист.
Многу побитни се сигналните кабли без разлика дали се аналогни или дигитални, но само во случај ако поштуваш оригинал цд-а, плочи, ако имаш добар извор на звук т.е. добар цд плеер, радио приемник, грамофон или добра(скапа) звучна картичка. Ако планираш да слушаш мп3 ни за него не се замарај многу.