Сакам појачалото да го поврзам со ТВто(сони )и мислам дека со ХДМИ кабел со лаптопот.За ХДМИ влез имаат и двете појачала,но за да го поврзам со ТВто мислам треба да има дигитален аудио ИН,Сонито има дигитал аудио out.
Не ти треба дополнителен кабел. Двата рисивери кои ги споменуваш имаат ARC [audio return channel] на HDMI излезот. Ова е дел од HDMI 1.4 спецификација, и овозможува звукот од телевизорот [во дигитална форма] да се пренесе назад кон рисиверот. Во основа, ти го вклучуваат дигиталниот излез во HDMI кабелот.
Така што, за поврзување со ТВ, ОК си, не ти треба ништо повеќе од HDMI кабел.
Дополнително, преку ARC можеш да ги контролираш рисиверот и ТВ преку едно далечинско.
Но некако VSX-531-K повеќе ме влече,но да не е премоќно па да ги оштетам звучниците?
Обата се соодветен избор. Би требало да имаат overcurrent protection, така што ќе бидеш во ред без разлика.
Колку што сум информиран на техничка стока која е поскапа од 350 евра подлежи на оданочување од 18%,но имаш поврат на ДДВ на стоката која ќе ја изнесеш од Бугарија.Има некој искуство со ова,и ако може подетално да каже искуство и слично.
Единствен проблем кој го гледам со тоа е гаранција - не толку за звучниците колку за рисиверот. Во случај на проблем во гарантен рок - дали некој локално би ти ја признал гаранцијата?
Обично не мислиме на гаранција додека не ни треба - а во новите рисивери од овој тип, тешко што е останато што не е SMD, а со тоа и малку посложено за поправка - во овластен сервис под гарантен рок ќе ти сменат плочка и нема да се замараат.
Сумата која планирам да ја потрошам за ова мое мало задоволство е околу 800-900евра.До аудифилите ако има некој некоја подобра комбинација или замерка на мојот избор нека кажат.Планирам наредниот месец да одам во Бг па имам време за други комбинации.
Denon AVR-X540BT е соодветна алтернатива, 5x130W на 6 ома. 300 EUR во Германија, тука не би требало да биде нешто поскапо.
Друга алтернатива е Yamaha RX-V381.
Провери во Болин, Алфа Аудио, Пикс+.