Oва сигурно може да влијае на звукот - ги спречува вибрациите ригидно да се пренесуваат на сталакот. По дефиниција тоа е добра ствар, пошто сакаш да се клати само мембраната на звучникот, а не све комплет со се сталак.
Од друга страна, дали самиот сталак бил дрвен, метален, со ваков или онаков облик, која боја или арома бил, дали чинел 20 или 2000 евра... сето тоа има минимално или никакво влијание на звукот, без оглед што пљампа аудиофилската псевдонаука. Тој треба само да биде со правата висина, да биде цврст и добро склопен (да не зуи и вибрира) и да биде стабилен (да не се превртува лесно со се звучникот)... и да биде убав на око, да не ја оружнува просторијата. А прикаските за овој сталак ваков звук оној сталак онаков звук се глупости.