Ke почнам да верувам дека другарти filipv е цело време у право кога те контрира за секој муабет...
Не му контрирам за секој муабет, туку само за овие три муабети (сега за сега, може ќе одвали нешто ново во иднина):
1. Меѓу два исправни USB кабли има разлика во звукот која што тој може да ја осети
2. Меѓу 96/24 и 44/16 произведени од ист матерјал има разлика во звукот која што тој може да ја осети
3. Доволно е да спукаш големи пари на фенси опрема и автоматски си станал стручњак за кого не важат когнитивните склоности (cognitive biases)
Дали мислиш дека за третата точка е потребно слушачко искуство и слушање што поразлична опрема за да изградиш критериум?
Или е доволно да не спукаш ич пари, ама да дискутираш строго теоретски без трунка практично искуство?
Да, кај некои материјали има осетна разлика помеѓу 96/24 и 44/16.
Да, има разлика помеѓу УСБ кабли со различна должина, на опрема што тоа може да го приметиш (ако пушташ од компјутер и на тиња DAC дефинитивно нема да осетиш. Ама ако имаш опрема што може да ја репродуцира разликата, да ќе осетиш. Јас мислам дека ти веројатно пушташ на опрема што воопшто не е детална и е сеедно што пушташ (дали 24/96 или 16/44), и е сеедно која должина УСБ кабел е .
Тоа е исто предност.. Си се навикнал на тоа, и уживаш слушајќи музика без разлика на квалитетот на звукот.