Фино ова со твоево философирање на се и сешто, ама има и конкретни прашања и конкретни одговори. Конкретниот Муабет и прашање беше дека треба да имаш референетен звук и референетно цд и те прашавме кои се твоите референтни звучници према кои ги градиш твоите критериуми, и ти гордо ни се пофали за овие.. Ама како погрешно опиша дизајн (ги опиша како шифоњери, што е обид за на општо начин да се извадиш од тоа што у ствари изгледа не си ги ни чул туку само си слушал за нив дека се добри) што не може да се опише погрешно и тогаш испаднало дека све кај тебе е обичен блеф.
Еве и да не биле твои референтни, доколку вистински си ги чул/видел ќе знаеше да ги опишеш и немаше да пробаш со блеф . Бидејќи стварно веќе мислам дека си по форуми да тролаш и да трошиш време, што не е така секогаш лошо, од сега дискусиите ќе ги терам со тебе на тој начин и во соодветен подфорум за тоа и нормално кога ми се троши време.
Инаку секој што држи до добар звук има личен референтен звук, односно референтен звучник, појачало, кабел....
Ако сакаш да те разбере некој сериозно барем на тема аудио. Под итно:
1. ЦД со референтна музика, каде што точно ќе знаеш која песна зашто ти е референтна и што тестираш со нејзе.
2. Референтна опрема што точно знаеш зашто ти се допаѓа и што ти исполнува....
3. Стигни ги првите две, па ќе видиме за понатаму...
Конкретно прашање за тебе: Дали си ги слушал воопшто Nautilus во живо како што се пофали, или само си ги слушал у муабет од други?
Во твој стил, можни одговори:
1. Да, сум ги слушал (обиди се да ни укажеш што музика си слушал на нив, и како тоа звучело во однос на твоите звучници по дома (кои и да се) ).
2. Не, не сум ги слушал, ама мислев дека е многу кул да се пофалам дека сум ги слушал