Генерално земено се слуша ако има некој проблем. И затоа велам треба да се чујат работите. Јас сум се запрепастил колку лош звук имаа извадено едни звучки што беа марка демек, а и појачалото беше од овие Панасоник/пионир/мионир демек.
Викам, седи малце да те носам на едно место. И правац торбите во ЗЕЦ. Вака и вака, пуштање едно појачало КОДА мислам беше 150W по канал 2х. Најефтино со озбилна снага. Не ме фаќајте за збор ова беше одамна. Значи звукон да ти е мерак.
Овие „рисивери“ често везе немаат со реалноста. Значи не викам дека секогаш е така, туку дека треба да се преслуша. Значи опали некое ѕверче на истите звучки. Чуј, како Би требало да звучат. И после стави го тоа појачало. Ако е исто или слично - пеки. Ако е тапа жива, чао пријатно.