Било кој JBL што ти е во буџет.
Има подобри од јбл, јас користам еден харман кардон, ама скап е и батеријата му е една четвртина од јбл-от.
Било кој бт звучник кој би бил подобар од јбл, ќе е мрсно скап. Гледани ми се сите.
Фала.
Како да споредам 2 JBL звучника и видам кој е погласен ?
Евентуално, и кој вади подобар звук.
Има некое правило, или сите се горе доле исти ?
Чичин, доцнам малку, ама може е релевантно...
Ти треба само заради BT или заради преносливоста исто - да го шеташ низ соби?
Главна потреба ми е додека сум дома и работам нешто, на пример во кујна си правам јадење и ми шушти аспираторот, вентилаторот на релната, се крчка нешто на шпоретот, имам пуштено чешма итн, да можам да слушам некоја аудио книга некој подкаст, и да можам да го слушнам убаво.
Наредно ми е, сакам да пуштам малце погласна музика, да не го слушам кучето на комшијата како цимоли кога ке го остават само дома.
Е сега, слушам метал музика, па ми требаат тие малце попискавите тонови за убаво да ја слушнам соло гитарата. Имам една песна која ми е репер, и според неа се ориентирам.
Добар бас ми е секундарно по приоритет.
Имам дома вакво (
https://mi-store.mk/product/xiaomi-compact-bluetooth-speaker-2/ го даваа гратис со купувањето тротинет) и ми треба нешто дупло погласно со поубав звук, оти на ова метал музика не звучи убаво.
ДОДАТНО, во исто време имав некој QCY earbuds, или слушалки за во уво кој престанаа да работат оти ги заборавив 9 дена во кола додека бев на одмор, па сакам да си купам нови и поубави од овие кој ги имав. Сакам да имаат поконзистентен звук со звучникот (т.е. не сакам истата песна да звучи различно).
Спомнувам затоа што најверојатно ке бидат иста марка со звучникот.
Телефонот од кој ке пуштам работи е Samsung S серија, тоа и ке биде во догледна иднина. Ова го спомнувам дека на нив пишува аудио Tuned by AKG, не знам дали има врска или не.
EDIT
Имам Logitech Surround Sound 5.1, Z серија, и тоа вади совршен звук, ама работната соба каде е поставен е далеку од кујната, и ако го пуштам појако да го слушам јас во кујна, го глушаат и компиите 4 спрата под мене, па нема смисла да досаѓам да цела зграда.