5.1 рисиверче, со радивце да си пуштиш без ТВ-то да го штракаш, асално појачалце, со можност понатаму у животот да му закачиш стерео звучки шелф сајз или фул сајз, од поасален калибар... па и уште во иднина ќе му закачиш некое грамофонче ако си мераклија... Онкиото си има доста предности во однос на саундбар, кој е само наградба (без дивоградба) за ТВ. Да беше муабет 100евра вс 1000евра, и јас би одел на саундбар, шогое*ам, ама ако е 280 вс 320 евра, 5.1 рисивер у севкое време! Поготово ако е со фино име како Onkyo (иако не мора да значи дека го имаат задржано квалитетот од минатото).
Ништо не очекувај од ресиверот во тој ценовен ранг за упгрејд на посериозни звучници, ако не се сменило нешто во меѓувреме.
Ресиверот подразбира користење вуфер и од старт происводителот користи помалку квалитетно појачало на каналите (за ниските и високите фреквенции).
Звучниците вадеа солиден звук на стерео појачало. Кога рикна стереото купив ресивер и се разочарав. Морав да докупам вуфер за басовите, но за високите (сакам hi-fi звук) нема чаре освен еквилајзер како предпојачало.
Се откажав,( со годините паѓа ентузијазмот

) си слушам музика на ПС-то со creative картица.
Не за џабе колку пари толку музика
