Автор Тема: Пикапи и слични возила  (Прочитано 3942 пати)

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3876
Пикапи и слични возила
« на: 05 Мај 2021, 09:23:26 am »
@zeroSignal дај земи еден камион на тест Hilux, Ranger,  L200 или Navara :)  Се мислам нешто да сменам дејност и пензионерски лајфстајл.


Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3876
Одг: Пикапи и слични возила
« Одговори #2 на: 05 Мај 2021, 12:38:09 pm »
Треба нова тема за моите прашања/ Си пробал некого на задни седишта да поседи 200-300 км? Велат дека новиот Форд најблиску е до SUV “осечај“ a има супер возни карактеристики и офроуд. А гледам и Амароков доста фино улетал во друштво.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Пикапи и слични возила
« Одговори #3 на: 05 Мај 2021, 12:49:51 pm »
Треба нова тема за моите прашања/ Си пробал некого на задни седишта да поседи 200-300 км? Велат дека новиот Форд најблиску е до SUV “осечај“ a има супер возни карактеристики и офроуд. А гледам и Амароков доста фино улетал во друштво.
Многу се исправени и рурални задните седишта. Мора да пробаш во живо барем на кратко. Напорни се задните седишта, и покрај тоа што насекаде пишува дека „има место“, не е само „место“. Како што и кај сув е компромитирана удобноста со преисправени седишта, тука е уште поизразено. Згора на тоа се најчесто тенки. Како и да е за деца ќе се многу повеќе од доволни. Другата важна работа е да видиш како се со поддршка за Canopy, за да може всушност да го користиш возилото во реалниот живот. :)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Пикапи и слични возила
« Одговори #4 на: 05 Мај 2021, 13:21:12 pm »
Најдобро да отвориме нова тема. :)

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4758
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: Пикапи и слични возила
« Одговори #5 на: 05 Мај 2021, 13:28:31 pm »



Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5548
Одг: Пикапи и слични возила
« Одговори #6 на: 05 Мај 2021, 13:33:35 pm »
Јас најдобро нешто од овие гломазните шо сум возел и тоа подолго време неколку месеци е  Нисан Армада, ама мислам само за амерички пазар е.. Максимум комоцијија и 5.6l v8 моториште, огромно чудо, овие навари Митсубуши и остало како играчки изгледаат спрема ова.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Пикапи и слични возила
« Одговори #7 на: 05 Мај 2021, 13:35:09 pm »
Треба нова тема за моите прашања/ Си пробал некого на задни седишта да поседи 200-300 км? Велат дека новиот Форд најблиску е до SUV “осечај“ a има супер возни карактеристики и офроуд. А гледам и Амароков доста фино улетал во друштво.

Во сите се седи релативно исправено позади. Како што рече Дени, за деца е одлично, ама за возрасни луѓе... Што знам, не би ги присилил на тоа.

Од мое искуство, најфино возење имало во Amarok и Ranger. Другите се малку... Камионести, особено L200. Navara има независна суспензија позади, ама некако не ми остави впечаток дека е не-знам-колку-подобра од другите.

Да може човек да се опружи за Ranger Raptor... Па, па, па... Прекрасна работа. Јас би го купил за мене, да не беше 60 бона кај нас. Ама што може чудото да направи, и каде може да отиде, и со кои брзини може да се движи офроуд.. Немам речи.


Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3876
Одг: Пикапи и слични возила
« Одговори #8 на: 05 Мај 2021, 14:29:28 pm »
За вистински „авантуристи“ веројатно вреди секоја паричка вложена овде. Јас уште не сум сигурен до каде би истегнал черга пошто не сакам да имам 3 коли. Прашањето што себеси треба да си го одговрам е дали тие екстра 4-5 викедни и повремен живот „на село“, вредат да се чува овој тип на возило при рака и при тоа да може да се корсит за одмор низ регионов без да паднат мртви сите што позади ќе треба да издржат тура 500- 600 км во еден ден. Ако одберам ќе треба да ми биде и дејли драјвер кога ќе треба сите петорица да се возиме во него.

Инаку она што го гледав во неколку ревјуа од Амери и Австралијанци кои највеќе ги користат Форд и Тојота се стално во врвот додека Митсубиши, Нисан, VW и Исузи се врткаат од задња да џапнат некој поен. Но во сите тие опции најважно е да си го најдеш лично своето место при избор. Сигрно некој што носи храна до бачила на Бистра секоја недела нема да гледа конфор за децата.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Пикапи и слични возила
« Одговори #9 на: 05 Мај 2021, 14:44:34 pm »
За вистински „авантуристи“ веројатно вреди секоја паричка вложена овде. Јас уште не сум сигурен до каде би истегнал черга пошто не сакам да имам 3 коли. Прашањето што себеси треба да си го одговрам е дали тие екстра 4-5 викедни и повремен живот „на село“, вредат да се чува овој тип на возило при рака и при тоа да може да се корсит за одмор низ регионов без да паднат мртви сите што позади ќе треба да издржат тура 500- 600 км во еден ден. Ако одберам ќе треба да ми биде и дејли драјвер кога ќе треба сите петорица да се возиме во него.
Јас бев позитивно изненаден од возењето на Навара во Скопје. Немаше некој проблем. Секако со соодветни сензори и камера позади, бидејќи нема никаква прегледност позади при паркирање. А со Canopy кое се разбира дека е најважниот додаток на вакво возило во реалниот свет, ќе е уште поизразено.

Имено Амарокот мене ми е напорен за возење по кривулести асфалтирани патчиња, како на пример накај Козјак. Се чувствувам доста психички уморен заради пресметките кои мора да ги врши мозокот на секоја кривина.

Кај Л200 Toyo пикапот проблемот претставуваше моќноста. Возилото имаше сериозен недостаток на моќ. Дали заради гумите, или до што беше проблемот неможам да кажам. Но, на угорница се мачеше 60-70 да крене кога одевме на Шар Планина. А на автопат ако не се лажам успеа да крене 130кмч. Иако има над 170кс, ако не се лажам. Тука ми се разјасни желбата на Американците за V8 supercharged во вакво возило, бидејќи навистина „одат тие коњски сили во ветер“.

Пак ќе се навратам на Canopy, бидејќи овие навистина немаат место ни торбичка каде да ставиш освен на седиште. За се треба да ставаш позади. А позади е отворено, така да и да ставиш, неможеш да „оставиш“. Согласно тоа и препораката за задолжително да се планира во цената на возилото.

Незнам како е ценовната категорија, но ако веќе размислувам за „село“ тогаш Jeep Wrangler е многу поочигледна опција.

Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3876
Одг: Пикапи и слични возила
« Одговори #10 на: 05 Мај 2021, 15:04:21 pm »
Кога мислам на село се работи за урабнизирана средина без големи очекувања на оффроуд поле. Повеќе транспортниот капацитет е во прашање и можноста да се натовариш нерационално во некој случај.

Wrangler е топ за нпристапни терени но јасне би ни се обидел да одам на нешто во тој ранг.

А за додатоците многу јасно. Ако сакаш вистински функционален пикап сака комлет да го стокмиш по сценарио за корситење.


Отсутен Fic_CC

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 16719
  • Keep it 100
Одг: Пикапи и слични возила
« Одговори #11 на: 05 Мај 2021, 17:01:06 pm »
Зимоска се погоди пред мене Ranger Raptor на Охрид-Кичево и неверојатно добро одеше по кривините како за таков масивен офроудер. Јас бев со 2018 Dacia Duster и не можев да го пратам.

Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2057
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Пикапи и слични возила
« Одговори #12 на: 18 Декември 2023, 23:53:23 pm »
Има ли некој да продава или да знае некој да продава Dodge perkins ? оние црвените што ги имаше во есм на времето

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17502
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Пикапи и слични возила
« Одговори #13 на: 18 Декември 2023, 23:55:37 pm »
Има ли некој да продава или да знае некој да продава Dodge perkins ? оние црвените што ги имаше во есм на времето

Еве еден:

https://reklama5.mk/AdDetails?ad=4662897

Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2057
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Пикапи и слични возила
« Одговори #14 на: 18 Декември 2023, 23:56:21 pm »
ваков