Автор Тема: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX  (Прочитано 53380 пати)

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX
« Одговори #450 на: 28 Февруари 2023, 19:58:36 pm »
Баце, ти мотор отвори сам и си го среди.

Стабилизатор, чашки на амортизери или сензор некаков, мижејќи ќе ги скоцкаш.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX
« Одговори #451 на: 28 Февруари 2023, 20:05:21 pm »
Нареден пат по бекатонките кога ќе возиш стисни благо на кочница да исклучиш евентуално тропкање кое би потекнувало од плочките.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1011
Одг: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX
« Одговори #452 на: 28 Февруари 2023, 20:29:12 pm »
Имам некое ситно тропкање по бекатонки кога возам, како стабилизатори или тие на амортизерите (незнам како ги виккаа) што им страдаат, па да види предница. И перката ја приметив дека уклучува одкако ќе загрее односно постигне работна температура а не треба да врти. Читав по нет имаше неколку случаи сензорот на термостат треба да се замени па мислам дека е истото.

За предница/амортизери, отиди до Боми и кажи им таму нека ти проверат. Мене тој ми кажа дека споните на Реното ми се отидени само што се симна под кола да ја центрира.

Отсутен vele85

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 587
Одг: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX
« Одговори #453 на: 28 Февруари 2023, 20:36:26 pm »
Car Service Vancho

https://maps.app.goo.gl/KWvRP9SGrsFampL79

Сеуште сум во очајна потрага по нормален сервис за колава.
Еден познаник ми го препорача сервисов па ме интересира дали некој го знае, можеби бил и има некакво искуство со нив?
Во Опел Авто Куќа работеше, добар мајстор е

Sent from my SM-A035G using Tapatalk


Отсутен M.Meskov

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 392
Одг: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX
« Одговори #454 на: 28 Февруари 2023, 20:43:55 pm »
Баце, ти мотор отвори сам и си го среди.

Стабилизатор, чашки на амортизери или сензор некаков, мижејќи ќе ги скоцкаш.

Да тоа и јас сакав да викам , за сензорот сам смени си го не би требало да е скап. А за предницата ако се стабилизатори или спони одма ке ти дијагностицираат, а ако е нешто околу летвата,шепите  или амортизерите  малку потешко. Си бил ли на некој сервис, имаш ли од прилика представа што би можело да биде,или што си сигурен дека не е

Отсутен Knight_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1267
Одг: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX
« Одговори #455 на: 28 Февруари 2023, 21:08:25 pm »
Баце, ти мотор отвори сам и си го среди.

Стабилизатор, чашки на амортизери или сензор некаков, мижејќи ќе ги скоцкаш.

Неколку пати дур работев на колава реков дека веќе ништо не пипкам сам од причина што за работа од пола саат мене ми требаат 2 зошто незнам што правам и пола работам пола време истражувам што треба да направам следно...

Нареден пат по бекатонките кога ќе возиш стисни благо на кочница да исклучиш евентуално тропкање кое би потекнувало од плочките.

Првите ~150 метри од дома ми се бекатон за назад имам блага удолница ја возам со пипната кочница и сепак го осеќам тоа ситно тропкање, така да прилично сум сигурен дека не се плочките.

Имам некое ситно тропкање по бекатонки кога возам, како стабилизатори или тие на амортизерите (незнам како ги виккаа) што им страдаат, па да види предница. И перката ја приметив дека уклучува одкако ќе загрее односно постигне работна температура а не треба да врти. Читав по нет имаше неколку случаи сензорот на термостат треба да се замени па мислам дека е истото.

За предница/амортизери, отиди до Боми и кажи им таму нека ти проверат. Мене тој ми кажа дека споните на Реното ми се отидени само што се симна под кола да ја центрира.

Фала за препораката ќе ги имам во предвид!

Car Service Vancho

https://maps.app.goo.gl/KWvRP9SGrsFampL79

Сеуште сум во очајна потрага по нормален сервис за колава.
Еден познаник ми го препорача сервисов па ме интересира дали некој го знае, можеби бил и има некакво искуство со нив?
Во Опел Авто Куќа работеше, добар мајстор е

Sent from my SM-A035G using Tapatalk



Да така ми кажаа и мене дека во опел работел претходно. Фала!

Баце, ти мотор отвори сам и си го среди.

Стабилизатор, чашки на амортизери или сензор некаков, мижејќи ќе ги скоцкаш.

Да тоа и јас сакав да викам , за сензорот сам смени си го не би требало да е скап. А за предницата ако се стабилизатори или спони одма ке ти дијагностицираат, а ако е нешто околу летвата,шепите  или амортизерите  малку потешко. Си бил ли на некој сервис, имаш ли од прилика представа што би можело да биде,или што си сигурен дека не е

Па не е скап околу 1 000ден но го гледам како изгледа на слики не сваќам како би излегол.
Беше колава на сервис пред нова година, ќе напишам пост кога ќе го средам ова. 3 дена остана кај мајсторот имаше тој некој проблем дигална едно друго му спомнав па 5 пати најмалку да ја види предницата и ништо од тоа.


Јас можеби би ги сменил сам тие работи но неможам сам да дијагностицирам што навистина е проблемот. Па ќе испадне само нагаѓање, а и како мие купена колава скоро 2 год не сум проверил предница. Мислам дека убаво би било некој по стручен да ја види и кога ќе е средена да ја однесам на центрирање вака е добра колку што можам да приметам, но сепак поминав +20 000км можеби ке треба некаква корекција и да бидам раат.

Присутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3905
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX
« Одговори #456 на: 01 Март 2023, 00:02:04 am »
Астра МС во Бутел?

Последнава година (2-3 пати) идам кај нив... За сега, задоволен.

« Последно менување: 01 Март 2023, 08:06:56 am KaZaN »

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX
« Одговори #457 на: 01 Март 2023, 07:29:20 am »
Познавам неколкумина што ги одржуваат таму опелите и се задоволни.

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX
« Одговори #458 на: 01 Март 2023, 10:13:35 am »
За предница (тропкања, стабилизатори и сл) од мене препорака за Спасе во Чаир, 2 години не можеа да откријат 3 сервиси (од кои 2 специјализирани за подвозје) што е тоа што тропка.

БОМИ не сум бил ама исто слушам и читам тука позитивни искуства од кај нив.
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен Knight_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1267
Одг: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX
« Одговори #459 на: 03 Март 2023, 00:26:58 am »
Не сум бил во ниеден од овие сервиси но фала за предлозите ќе ги имам на ум, па ќе искомбинирам нешто во скоро време...
Најверојатно оглас
Пишан мие веќе од прошлиот пат  ;D
Најдолго ја имам колава од сите претходни изгледа ми здосадува.
И да не заборавам 110коњи :'(

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX
« Одговори #460 на: 08 Март 2023, 22:31:33 pm »
Која е цената?
Заинтересиран сум за вакви зделки (веќе со искуство сум 😂)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX
« Одговори #461 на: 08 Март 2023, 23:34:52 pm »
Така е, време е за ремапче, штом здосадила.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Knight_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1267
Одг: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX
« Одговори #462 на: 10 Март 2023, 18:47:38 pm »
Не и е баш дојдено времето за заминување мора уште некое време да се стрпам, ама ете размислувам на таа тема па очекувам да се реализира тоа за неколку месеци.

Размислував и за ремап но џабе ќе давам пари и така ќе се разделуваме.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5921
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX
« Одговори #463 на: 11 Март 2023, 08:03:16 am »
Ако си за ремапче може да ме контактираш да средиме по поволна цена  ;)

Отсутен Knight_

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1267
Одг: Opel Astra K 1.6 CDTI ecoFLEX
« Одговори #464 на: 24 Април 2023, 20:09:18 pm »
Одамна не сум пишал ништо но тоа незначи дека ништо не се случува  ;D

Како што гледам последно било промена на задни плочки.

25.11.2022
на 141 860км ставени зимски гуми. Со летните поминато 8 423км.

Следно ми светна „провери мотор“ негде почеток декември, а во меѓувреме колата почна све почесто да прави регенерации (околу 150км). Па така на 10.12.2022 заврши на мајстор опелски да види што е проблем. Мајсторот вика грешка околу DPF гарант е полн. И дур јас се мислам прашувам тука што да правам вадам или чистам ете го се јавува пак нашол скинат кабел кој идел кон DPF вика земија пробај вози можда е тоа.
Секако дека не поминав толку лесно за 150км пак регенерација, после таа на 60км. И ми пукна филмот па ја однесов да го извади и да го решам трајно. Колата ја возам претежно градска и нејќев да се замарам пак со истото кога ќе го затнам. Ова го кажувам зошто 2 пат ми светнува дека DPF от е полн. Па така на 19.12.2022 односно на 142 380км колата остана без DPF.

14.02.2023
Сменет заден брисач

145.408км немам точен датум односно некогаш во март вратени летните гуми а со зимските поминати 3 500км.

Исто во март отидов кај мајсторот за кој прашував тука претходно.
Му објаснив за перката и ситното тропкање што го приметив, па ја оставив колата за целосна проверка.
Човекот фин и културен за разлика од тоа каде све бев или пробав да отидам претходно па ќе видиме до кога.
Кажува дека подвозјето е супер нема ништо за менување ја пробал колата вика едвај приметив такво нешто нема потреба сеуште да се замарам со тоа, но неговата сумља е во амортизерите поради претходно искуство со постариот модел на астра. Кажува дека фабричките едвај дочекувале 100 000км.

Тоа што спомнав околу перката. Ја уклучил на компјутер и така ја возел све било во ред нема никаква грешка. Разговаравме околу тоа и сега не сме 100% сигурни но најверојатно вентилацијата кога е наместена во стакло горе може да ја пушти перката (иако е без клима) со цел да одмагли побрзо. Разговарал и со негови колеги кој работат во овластен исто му кажале дека најверојатно е до тоа.

16.04
Наполнивме 2 години дружба и поминати 24 313км заедно.

И за крај следеше регистрација 13 000ден

Следно ќе проверам колку ме коштала втората година со колава.

« Последно менување: 24 Април 2023, 20:19:33 pm Knight_ »