Автор Тема: AR 147 Jtdm проблем со дизни  (Прочитано 3759 пати)

Отсутен Војвода

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 45
AR 147 Jtdm проблем со дизни
« на: 14 Април 2021, 21:00:02 pm »
Позз момци, од дамна не сум се пожалил за нешто
Вака колата е 110kw, Дпф изваден, Егр софтверски исклучен, а поради проблем со нерамномерна работа на моторот при палење, како и губиток на едно 20% од моќноста бев принуден да ги извадам и лептирите, кои секако беа во лоша состојба. Колата почна да работи мирно после палење, да влече како што треба, значи доста приметна разлика. Арно ама пред вадењето на лептирите кај Жаре, ја ставивме на  неговата дијагностика, дизните дадоа лоши вредности. +0.9, -2, -2.2, +3.5 ( одприлика), остаивме простор тоа да е така поради можен фалш воздух од кај лептирите. После вадењето на лептирите ја извозев 100км, пак ја проверивме, речиси идентични вредности. Прсна кај дизните одгоре со некое средство, па  веднаш отидов  на втора дијагностика ( кај дечко кој се занимава со чиптјунинг каде што ја проверував колата пред да ја купам, каде дизните беа супер, сем четвртата која имаше многу блага отстапка, нормално таму по препорака на Жаре).
Кај него вредностите беа преполовени. Односно +0.6, - 1.3, -0.9, + 1.6. Тјунеров, ми вели,  ова ти е од нафтата на Макпетрол, 20% вода била, им биле рѓосани резервоарите, советува да ја извозам фулл со се резерва, па да ставам на Лукоил со Wynn's адитив ( претходно користев Wyrth), демек можело да се среди.
Но Жаре, претходниот сопственик на алфава, роднина со иста алфа, колеги дизелаши од работа, сите велат нафта само од Макпетрол. Еден дури и со бошист некој Столе, се консултирал кога имал мака, исто му кажал, само Макпетрол,  Лукоил само за постари дизели, пошто имале многу адитиви во нафтата, дури го советувал само Сонакс адитив да користи, и со тоа му се средиле дизните.
Поентава ми е, какви се вашите искуства а и совети во овој поглед. Колата си влече топ, си работи мирно, ладна кога е топ си пали, нема никаков дим, ко прочистувач е. Жаре и тјунеров велат дека овие мотори имаат одлична компресија и лоши дизни не покажуваат никакви симптоми, сем ако не се ептен отидени. Инаку приметив прееска при палење иако мирно  работи, ако ептен се  загледаш во обртометарот од блиску, може да се примети 4-5 секунди дека има минимално движење на стрелката.

Sent from my SM-G998B using Tapatalk

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: AR 147 Jtdm проблем со дизни
« Одговори #1 на: 14 Април 2021, 21:07:04 pm »
Прво, вредностите на корекциите на дизните, измерени во лер не кажуваат ама баш ништо. Треба дизните да се гледаат при рамномерно движење, делумно оптеретување, фул оптеретување, па да се види дали има корекции и колкави се
Второ, јас нафта на 147-цата веќе со години полнам на Лукоил, супер е. Со макпетрол, некако погрубо ми работи, ама нијанса. Можда и плацебо.
Трето, Wynns is tha shejt од адитивите.
Четврто, стрелката на обртомерот е арбитражна, точно отчитување на обртаите само преку ОБД :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Војвода

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 45
Одг: AR 147 Jtdm проблем со дизни
« Одговори #2 на: 14 Април 2021, 21:28:40 pm »

Во врска со возењето на резерва ? Тјунеров вели, дека цревото за усис на гориво, и така се наоѓа најдоле во резервоарот, па и да имало ѓубре веќе е усисано.
Затоа и го потенцирав  моментот на Жаре со прскањето со некое средство на дизните. Можно е поради тоа вредностите двојно да се намалени ?
И дали да си терам да си ја возам вака, дур не приметам веќе навистина влошено работење на дизните. Жаре вели дека не е добро вака да се вози колата, бидејќи вишокот гориво некаде мора да отиде а со тоа и да направи штета  Он ми вели дека може и една дизна да праи проблем на другите, а можно е и сите дизни да не ги бива...
Wynns или Сонакс ? Бошистот Столе, вели Сонакс ис д риал шит, колегава со бмв го послушал, и дизните му се средиле ( едната мислам дека му отишла некаде накај 5 ), Чиптјунеров вели Wynns.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7057
Одг: AR 147 Jtdm проблем со дизни
« Одговори #3 на: 14 Април 2021, 21:29:37 pm »
Исто и јас. На 147 еден период само ставав од Окта (читај Пуцко) ама откако сфатив на кој му го полнам џебот, престанав од некои свои убедувања. Едно време ставав и на Макоил за да пак си се вратам на Лукоил. Просто кажано, некако најпостојани ми се.

Макпетрол мислам дека никогаш не сум ставил, никогаш не сум имал доверба кон нив, а најмногу сум осетил разлика меѓу нивното гориво кога ставав на скутерот. Срање.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: AR 147 Jtdm проблем со дизни
« Одговори #4 на: 14 Април 2021, 21:47:48 pm »
Ѓубре ќе усиса само ако филтерот бил скапан, не гледам зошто филтерот не би си ја вршел својата работа. Тртни адитив, у покнцентрирана варијанта, наместо на пун резервоар на 1/3 шибни и после на пун уште еден. Моја препорака ти е овој:

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен hajlender

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 130
Одг: AR 147 Jtdm проблем со дизни
« Одговори #5 на: 14 Април 2021, 23:06:37 pm »
Здраво... ако можам некако да помогнам тука сум...имам долгогодишно искуство со алфи посебно со 147 мислам дека докторирав за тоа возило :)

1. Компјутерот никако неможе точно да ги измери дизните во каква состојба.... на компјутер се гледа, но веке кога има толкави отстапки мора да ги извадиш дизните и да ги носиш во специјализиран сервис како што е Дизел сервис Стојче, тогаш ќе знаеш дали е до дизните или имаш веќе проблем со моторот и клиповите...

Она што можеш да го прочиташ на дизни со компјутер е најчесто само лер гаста како работат дизните и дали некоја повеќе полни за да изедначи некоја друга дизна поради тоа што е слаба.... вредностите треба да се движат +-1 се над тоа е веќе многу... никако не ја чипувај колата со вакви дизни и не ја држи колата на полна гас

Најголемиот проблем е вадењето на дизните... знаат да се запечат и да тешко излагаат понекогаш мора и со преси и самото тоа кошта... вадење на дизни може да те кошта од 2000 до 8000 денари... имав случај на возило каде што ги вадевме дизните за проверка... три дизни излегоа некако но четвртата неќеше да пушти за жива глава, си викнавме човек со алат дојде со преса и ја извади и наплати за тоа 2000 денари затоа ти го кажувам ова од искуство.... Тестирањето на дизните кај бошиста е од прилика 2000 денари за сите 4 дизни во тоа ти спага и чистење со ултразвук што значи дека доколку биле само запушени и малце оштетени (затнати) со ултразвук може да се вратат во живот колку толку но ако се уништени од прилика репарација на дизни чини 400 евра (100 евра од дизна)

Возам алфа која е доста поприлично набилдана во коњови :) и секогаш ставам на макпетрол по препорака на Стојче а исто така знам дека единствени кој имаат лабараторија за испитување на гориво е макпетрол па поради тоа некако ми се и најсигурни во тој дел... другиве се многу помали приватнјаци и конкуренти за разлика од макпетрол и шансите да е полошо горивото за поголем кар е поголема...

Адитиви користам често но кога колата е во добра состојба само за да може гјубрето внатре полесно да се разгради и да се согори....

Често менување на филтер за нафта е обавезително.... дури и некогаш претерувам па менувам на секој 2-3 месеци со тоа го одржувам резервоарот чист...

Исто така имам дизни за продавање нови и половни за тоа возило доколку не се снајдеш а си решен да го решиш проблемот ти стојам на располагање....

Поздрав и убав ден...

Отсутен Војвода

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 45
Одг: AR 147 Jtdm проблем со дизни
« Одговори #6 на: 14 Април 2021, 23:19:57 pm »

Фала другар на одговорот, ти ја знам алфата, ретки алфи се со 350кс+ :D
Ако дизните не се во ред туку проблемот е во клиповите, т.е. моторот, како ќе се манифестира ?
После вадењето на лептирите, како ремап да сум и направил, значително повеќе влече. Ниту чади на ладен мотор, си работи мирно.
Ако не го решам проблемот со адитив, ќе морам да менувам дизни. Ако Жаре не успее да ми најде, ќе те барам. Како ти се движат цените на половни дизни ?

Отсутен vladimir_1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1078
Одг: AR 147 Jtdm проблем со дизни
« Одговори #7 на: 15 Април 2021, 07:48:22 am »
Значи ако дијагностика на компјутер не е репер за исправноста на дизните и ако ги извади и однеси дизните на бошист и му кажат дека се добри дечкототреба да растура мотор и да го прај генерално?
А при тоа вели дека од ко извајл лептири колата се смири и се работи нормално без  проблеми. Плус по муабетот треба на секои 6 месеци дијагностика да и прај за да знај дали да ја вози нормално или да ја вози на полна гас :)

Sent from my SM-G770F using Tapatalk

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: AR 147 Jtdm проблем со дизни
« Одговори #8 на: 15 Април 2021, 12:08:42 pm »
Конкретно со Жаре имам разговарано за тестирање на дизни, ако се сеќавам добро, баш тој ми рече дека тестирање дизни на компјутер не е најточен начин.
Се оди на бошист и тие прават тестирања.

Од чиста мира, искрено не ми се замараше да одам, да растурам мотор колку да си играм охајбет.

Е сеа кај JTDm можеби се поосетливи во однос на JTD така што не знам искрено.

Summa sumarum: Ако јас лично би се сомневал за дизни, ќе ги однесам на бошист и да ги тестираат.

Адитивчиња јас на Алфата му ставав од време на време. Убаво и доаѓаше :)

Нафта исклучиво Макпетрол.

Отсутен Војвода

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 45
Одг: AR 147 Jtdm проблем со дизни
« Одговори #9 на: 15 Април 2021, 17:47:46 pm »

И ти си имал  проблем  со дизните ? Какви вредности имаше ?
Јас ќе пробам со Лукоил и Wynns Адитив. Ќе мериме па ќе видиме што понатаму.

Sent from my SM-G998B using Tapatalk

Отсутен Filip MK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2350
Одг: AR 147 Jtdm проблем со дизни
« Одговори #10 на: 15 Април 2021, 19:43:33 pm »
Кои вредности треба да бидат на дизните во мирен режим (во лер кога работи колата) ? Дали вредностите за дизни за сите мотори се (треба да бидат) исти? Пр 1,9 јтд и 1,5 дци или некој трет мотор?
Претпоставката е мајката на сите заебувања

Отсутен hajlender

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 130
Одг: AR 147 Jtdm проблем со дизни
« Одговори #11 на: 15 Април 2021, 23:34:46 pm »
Значи ако дијагностика на компјутер не е репер за исправноста на дизните и ако ги извади и однеси дизните на бошист и му кажат дека се добри дечкототреба да растура мотор и да го прај генерално?
А при тоа вели дека од ко извајл лептири колата се смири и се работи нормално без  проблеми. Плус по муабетот треба на секои 6 месеци дијагностика да и прај за да знај дали да ја вози нормално или да ја вози на полна гас :)

Sent from my SM-G770F using Tapatalk

500 денари е elm327 и 0 денари некој пиратски софтвер...ако имаш кејф на колата ке си го купиш и сам ке си проверуваш :)

Кои вредности треба да бидат на дизните во мирен режим (во лер кога работи колата) ? Дали вредностите за дизни за сите мотори се (треба да бидат) исти? Пр 1,9 јтд и 1,5 дци или некој трет мотор?
Кај дизелите колку што знам +-1 треба да се...

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13933
Одг: AR 147 Jtdm проблем со дизни
« Одговори #12 на: 16 Април 2021, 10:28:30 am »
И ти си имал  проблем  со дизните ? Какви вредности имаше ?
Јас ќе пробам со Лукоил и Wynns Адитив. Ќе мериме па ќе видиме што понатаму.

Sent from my SM-G998B using Tapatalk

Искрено не. Немав гибано ништо со дизните. Сакав да ги проверам. Ја имав колата од 2012 година и се мислев дали треба да се прави некаква проверка, чистење or something.

Си ставав од време на време адитивчиња како што кажав. Sonax, STP и мислам еднаш ставив Wynn, ама не памтам веќе.

Отсутен Војвода

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 45
Одг: AR 147 Jtdm проблем со дизни
« Одговори #13 на: 24 Април 2021, 20:38:51 pm »
Ја извозев со 20тина литри нафта ( едно 80-90км во 4та на 3300-3500rpm) и Wynn's  адитив, повторно слични вредности, сега дури и малце бетер.
Четвртата дизна многу варира, во ист ден од +3.5, на +1.6, после адитивот прво мерење +2.5, на повисоки вртежи околу 2000 паѓа на околу 1, па на ајдл се качи на +2.2.
Како може лоша дизна да е лоша само на  800 рпм, а на 2000 да е колку толку во рамки на нормала ? Дечково со дијагностикава вели дека дефинитивно 4тата дизна не во ред и е за замена.

Sent from my SM-G998B using Tapatalk

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4997
Одг: AR 147 Jtdm проблем со дизни
« Одговори #14 на: 24 Април 2021, 21:06:26 pm »
Korekciite na diznite moze da bidat od mal milion pricini, ne znaci deka diznata ne cini. Edinstvena realna kontrola e na proben stol od renomiran proizvoditel(bosch, hartridge...), ne na kvazi probni stolovi(turski, kineski)

Sent from my Redmi Note 9S using Tapatalk