Позз момци, од дамна не сум се пожалил за нешто
Вака колата е 110kw, Дпф изваден, Егр софтверски исклучен, а поради проблем со нерамномерна работа на моторот при палење, како и губиток на едно 20% од моќноста бев принуден да ги извадам и лептирите, кои секако беа во лоша состојба. Колата почна да работи мирно после палење, да влече како што треба, значи доста приметна разлика. Арно ама пред вадењето на лептирите кај Жаре, ја ставивме на неговата дијагностика, дизните дадоа лоши вредности. +0.9, -2, -2.2, +3.5 ( одприлика), остаивме простор тоа да е така поради можен фалш воздух од кај лептирите. После вадењето на лептирите ја извозев 100км, пак ја проверивме, речиси идентични вредности. Прсна кај дизните одгоре со некое средство, па веднаш отидов на втора дијагностика ( кај дечко кој се занимава со чиптјунинг каде што ја проверував колата пред да ја купам, каде дизните беа супер, сем четвртата која имаше многу блага отстапка, нормално таму по препорака на Жаре).
Кај него вредностите беа преполовени. Односно +0.6, - 1.3, -0.9, + 1.6. Тјунеров, ми вели, ова ти е од нафтата на Макпетрол, 20% вода била, им биле рѓосани резервоарите, советува да ја извозам фулл со се резерва, па да ставам на Лукоил со Wynn's адитив ( претходно користев Wyrth), демек можело да се среди.
Но Жаре, претходниот сопственик на алфава, роднина со иста алфа, колеги дизелаши од работа, сите велат нафта само од Макпетрол. Еден дури и со бошист некој Столе, се консултирал кога имал мака, исто му кажал, само Макпетрол, Лукоил само за постари дизели, пошто имале многу адитиви во нафтата, дури го советувал само Сонакс адитив да користи, и со тоа му се средиле дизните.
Поентава ми е, какви се вашите искуства а и совети во овој поглед. Колата си влече топ, си работи мирно, ладна кога е топ си пали, нема никаков дим, ко прочистувач е. Жаре и тјунеров велат дека овие мотори имаат одлична компресија и лоши дизни не покажуваат никакви симптоми, сем ако не се ептен отидени. Инаку приметив прееска при палење иако мирно работи, ако ептен се загледаш во обртометарот од блиску, може да се примети 4-5 секунди дека има минимално движење на стрелката.
Sent from my SM-G998B using Tapatalk