Минатата недела се подновив со Астра Ј, 2011 година, 1.4 со 100 коњски сили, без турбо, Enjoy edition.
Ми требаше малце поголем багажник, па одлуката падна на оваа.
Не е највисока опрема, а нешто што ми фали е електрични прозори позади, ама тоа е.
Направен целосен сервис на сите делови што беа за менување.
- Предни дискови и плочки (томек)
- Задни плочки (томек)
- Термостат (Mahle)
- ПК каиш, моторот е со ланче (Continental)
- Затегачи, ролери превентивно
- Уље Мобил 1 5/30 со сите филтри
- Антифриз опел Dex Cool
- Дихтунг на капак
Делови и работна рака 20 500 денари.
Ја земав 2700 евра од дечко тука што живее, иначе италијанска, од Болоња.
Превод, царина, хомологација и регистрација ме кошташе околу 1500 евра.
Моторот не е најбрзиот, ама за моите потреби е супер.
Следно треба да купам се:
- Да ставам плин (во плимонт ми рекоа дека добро поднесува плин моторот, се двоумам дали да ставам Ланди со капалка за подобро подмачкување, искуство е добредојдено
)
- Бандажи и летни гуми
- Kука за влечење приколка
Од понеделник ќе ја исперам убаво и ке ставам уште некоја слика.