Автор Тема: Opel Astra H GTC 1.9 150  (Прочитано 27724 пати)

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #210 на: 31 Август 2024, 20:56:12 pm »
Запишувам сѐ, до шрафче, до пластичен осигурач, до сијалица за позиција.

Не дека го правам за некој, не дека ми е товар, не дека очекувам било што, не дека ме боли к за трошокот...

Едноставно таков сум, за сѐ. Верувам во темелност и педантност.

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 692
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #211 на: 31 Август 2024, 22:57:54 pm »
Јас запишував за Стило-то така така на почеток, и бев среќен.
Не знам што ми текна, и едно 3 години запишував се до денар, и кога видов колку уствари давам за одржување, сватив дека подобро е да купам понова кола отколку прописно да одржувам стара кола. Зборам одржување прописно, без ништо да тропка, квичи, навалува и остало.

Сватив дека ако гледам на поголем интервал како 10 години сопственост на кола (сега и тоа го намалувам на 7 години) и споредам цена на купување нова кола или понова кола до 3-4 години стара и давање помалце пари за одржување во споредба до постара кола и секоја година да поправам нешто, мислам дека нема да е многу голема разликата.
Според мене 20-25% поскапо би било за нова кола, но главоболка, замарање со мајстори, трчање по делови, или едноставно губење на време околу колата и замарање со колата е сведено на минимум. Ако тоа слободно време го употребам на нешто продуктивно, како повеке сработено или платен overtime, таа разлика е уште помала.


Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1011
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #212 на: 31 Август 2024, 23:11:09 pm »
Запишувам сѐ, до шрафче, до пластичен осигурач, до сијалица за позиција.

Не дека го правам за некој, не дека ми е товар, не дека очекувам било што, не дека ме боли к за трошокот...

Едноставно таков сум, за сѐ. Верувам во темелност и педантност.

Јас па колку и да сум пицајзла за одржување на колата, никогаш не сум следел колку сум дал по одржување. Сум правел унапред естимации за колку би ме коштале надградби чисто да знам распоред кога би можел да ги правам, ама не гледам лично вредност од следење на трошоци, особено на големи дефекти. Мора да ги дадеш тие пари, секако заминале во колата, не ми значи да знам колку сум дал.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #213 на: 01 Септември 2024, 00:21:12 am »
Види, има една ствар што се вика "сервисна историја", така?

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1011
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #214 на: 01 Септември 2024, 00:44:59 am »
Види, има една ствар што се вика "сервисна историја", така?

Сервисна историја имам и јас целосна за сѐ што сум правел, ама таму не стои секој трошок за сите делови некогаш земени. Стои кога и на колку км што било сменето.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3846
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #215 на: 01 Септември 2024, 01:57:16 am »
Јас запишував за Стило-то така така на почеток, и бев среќен.
Не знам што ми текна, и едно 3 години запишував се до денар, и кога видов колку уствари давам за одржување, сватив дека подобро е да купам понова кола отколку прописно да одржувам стара кола. Зборам одржување прописно, без ништо да тропка, квичи, навалува и остало.

Сватив дека ако гледам на поголем интервал како 10 години сопственост на кола (сега и тоа го намалувам на 7 години) и споредам цена на купување нова кола или понова кола до 3-4 години стара и давање помалце пари за одржување во споредба до постара кола и секоја година да поправам нешто, мислам дека нема да е многу голема разликата.
Според мене 20-25% поскапо би било за нова кола, но главоболка, замарање со мајстори, трчање по делови, или едноставно губење на време околу колата и замарање со колата е сведено на минимум. Ако тоа слободно време го употребам на нешто продуктивно, како повеке сработено или платен overtime, таа разлика е уште помала.



Искрено, што ги читам постовиве и сумиве на ваа тема и јас сум зашеметен колку пари се даваат на одржување на кола. Кога моето искуство ќе го споредам со дел од работиве што ги прочитав можам дакажам дека Астрата на Несторо по километар за одржување е многу поскапа од сите возила што некогаш сум ги поседувал.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6614
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #216 на: 01 Септември 2024, 01:59:19 am »
Затоа и пишав, не пишувај ако не си спремен да видиш реално колку одат пари, евро по евро, сумата на крај боли глава, а мислиш дека многу малку си дал, иако си сервисирал 10тина работи само, ѓомити не е ништо тоа, ситна пара.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6152
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #217 на: 01 Септември 2024, 09:34:00 am »
Види, има една ствар што се вика "сервисна историја", така?

Сервисна историја имам и јас целосна за сѐ што сум правел, ама таму не стои секој трошок за сите делови некогаш земени. Стои кога и на колку км што било сменето.

Наравоучение - сѐ се сведува на деталноста при евиденцијата кај тие што водат било каква.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #218 на: 01 Септември 2024, 10:09:04 am »
Затоа и пишав, не пишувај ако не си спремен да видиш реално колку одат пари, евро по евро, сумата на крај боли глава, а мислиш дека многу малку си дал, иако си сервисирал 10тина работи само, ѓомити не е ништо тоа, ситна пара.
Како бе така?  :)
Него му ја изрешетавме темата на Иван...

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6445
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #219 на: 02 Септември 2024, 07:33:17 am »
Се прави голема грешка што се претпоставува дека сите овие пари се дадени за делови,
трошоците се заедно со регистрација и гуми кои земаат голем дел од колачот (1/3-тина), а го плаќаш и на нова и на стара кола.

Се мислам дали да ја постирам мојата 10годишна пита ама ај преку гла ви дојде.  ;D