Автор Тема: Opel Astra H GTC 1.9 150  (Прочитано 27067 пати)

Отсутен ivanxh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 610
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #15 на: 08 Април 2021, 14:29:39 pm »
Договорено кај мајстор Блајо викендов и задниот браник да го среди, па здравје боже ќе ставам пред/после слики во Недела. :)

Некое сличе после перење, фала богу пред да заврне утредента:





Во меѓувреме, има ли некој кај нас што средува ситни дупки на хауба направени од град? Почнав да ги приметувам во последно време и ми бодат очи, иако се прилично ситни. На првата слика се приметуваат малку.

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #16 на: 08 Април 2021, 16:59:30 pm »

Во меѓувреме, има ли некој кај нас што средува ситни дупки на хауба направени од град? Почнав да ги приметувам во последно време и ми бодат очи, иако се прилично ситни. На првата слика се приметуваат малку.

Ако најдеш кажи ми и мене. Јас на ФБ најдов еден, 80 до 100 евра од панел ми рече.

Отсутен ivanxh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 610
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #17 на: 14 Април 2021, 19:44:40 pm »
Со умерено темпо се штиклираат работите од to-do листата, полека си заликува како што треба. Во претходниве неколку дена се среди и исполира задниот браник, штоповите се исполираа, напред маската се префарба и се исполира, и денес се вградија и паркинг сензори.

Пред:





Немам слика од маската за жал.

Потоа:













Здравје боже месецов уште лајсната на багажниот позади да се среди како што треба пошто претходно ради реда било ишприцано само и се љушти бојата, па до нареден месец сигурно уште нешто ќе ми текне. @UrSa1986 се јавив тука https://www.facebook.com/IZVLEKUVANJEDLABKIBEZFARBANJEpdr/ и ми рекоа за хауба било до 80 евра, а инаку 100 евра од панел.

Отсутен UrSa1986

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1506
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #18 на: 14 Април 2021, 19:51:53 pm »
@UrSa1986 се јавив тука и ми рекоа за хауба било до 80 евра, а инаку 100 евра од панел.

И јас тука се јавив, таа цена ми ја кажаа. Другари ми рекоа дека порано имало од дупка 100 денари негде што влечеле со вакум, ама не можат бројот да го најдат.

Отсутен ivanxh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 610
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #19 на: 15 Април 2021, 19:33:24 pm »
Сабајле по автопат накај работа бев расонет со звукот на камче како мава во шофершајбна, кофеин е overrated и онака нели. Ако ништо барем, дупчето не беше нешто преголемо и нешто што не може да се среди, па одма после работа си резервирав термин со мајстор што ги средува овие работи.

Како беше:



Процесот:





Како е сега:



Сериозно се размислувам да осигурам и стакла на наредна регистрација, ако не се лажам шофершајбна за колава пошто е панорама кошта околу 350-400 евра што не е баш пријатна сума. Инаку само пофални зборови за мајсторот, ако некој го интересира дечкото се вика Саше и работи во Кисела Вода, еве и негово бројче: 078222282.

Отсутен ivanxh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 610
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #20 на: 23 Април 2021, 20:44:33 pm »
Бев решен и печен деновиве да ги сменам фаровите за Xenon фарови, дури отидов до кај Кардаш за цена да се договарам. Среќа ми текна да прогуглам и да ја видам постапката за менување, затоа што кратко после тоа сфатив дека не сум поткован да го правам тоа. Прелемување, праење пустење не е за мене. Watt a disappointment.. (насмејте се на фората молимвас)

Па се одлучив со бели (белкасти читај) халогенки да пробам, што па и не излезе така лошо. Ги испазарив околу 1800 денари од Carbox.





Ми останаа уште за позиција да ги сменам (ги има во паковањето), али за нив највероватно цел фар ќе треба да го вадам.

Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1383
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #21 на: 23 Април 2021, 22:31:12 pm »
Не разбрав, се ценкаше или толку коштаат?
Добра шофершајбна  8)

Присутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14236
  • Пудингот на шоферството
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #22 на: 23 Април 2021, 22:39:59 pm »
Ако најдиш оригинално ксенон фарови,со нив немаш лемење сечење,лепење,plug and play.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен ivanxh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 610
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #23 на: 23 Април 2021, 22:57:32 pm »
Не разбрав, се ценкаше или толку коштаат?
Добра шофершајбна  8)

Хахах, толку коштаа. Фала инаку  8)

Ако најдиш оригинално ксенон фарови,со нив немаш лемење сечење,лепење,plug and play.

За жал за оваа не е така, канбусот е различен и адаптерот на ксенонот има 2 додатни пинови кои мојава ги нема.
« Последно менување: 23 Април 2021, 23:04:40 pm ivanxh »

Отсутен Rakun4e

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9193
  • Аstra la vista baby !
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #24 на: 25 Април 2021, 12:27:28 pm »
Не е баш plug & play ама се средува. Ако не се AFL се средуваат само тие два пинови, ако се AFL за да работат треба и сензори и други работи.


П.С. Задната лајсна пробај исчистија од бојата, би требало да е хром под бојата.

Отсутен ivanxh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 610
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #25 на: 25 Април 2021, 18:30:01 pm »
Не е баш plug & play ама се средува. Ако не се AFL се средуваат само тие два пинови, ако се AFL за да работат треба и сензори и други работи.


П.С. Задната лајсна пробај исчистија од бојата, би требало да е хром под бојата.

Денеска го средив и тоа :)









Конечно си заличе како што треба.

Отсутен ivanxh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 610
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #26 на: 29 Април 2021, 22:30:27 pm »
Денеска изгледа се посра EGR-от, сосема рандом ми светна spanner light сред возење и немав никаков boost под 2.2-2.5к обртаи. 2-3 минути нормално возење и го снемува, па пак се појавува под полна гас. Со оладен мотор издржа 7-8 pulls пред пак да се појави истото. Потоа рандом пак ќе го снема. Со pedal test немам некои посебни ерори освен тие што ги знам: CIM controller error што е честа појава кај овие коли и нема никаква врска со проблемов.

Добра ствар: не изгледа дека троши уље, нема сменето звук турбината и си се слуша дека работи како што треба. Лоша ствар: пред неколку дена со OBD ги ресетирав сите кодови, па се мислам дали случајно тоа ми реактивирало некои работи како угасени клапни, ЕГР или слично? Каде препорачувате дијагностика за вакви ствари?

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22217
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #27 на: 29 Април 2021, 23:05:05 pm »
Во овластен сервис опремен со соодветни тестери.

Отсутен ivanxh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 610
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #28 на: 30 Април 2021, 15:36:29 pm »
На дијагностика излезе ЕГР-от, сега е сменет и колата си пркна назад во живот. Сега за сега се одлучив да не го гасам.

Отсутен ivanxh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 610
Одг: Opel Astra H GTC 1.9 150
« Одговори #29 на: 15 Јуни 2021, 17:57:21 pm »
Си се почастив роденденски, секоја чест и благодарност до @Prcot за деловите  :-*



Во меѓувременом, ме штракнаа од позади на семафор минатиот месец, па кога веќе мораше да се мења задниот браник, го сменив со OPC Line браник кој од позади ја направи 100 пати поубава колава. (плус можам и издувче да и монтирам сега  8))



Исто така, од ebay вчера стигнаа blacked out LED жмигавци што интересно го следат црниот theme на колава:



Залепен и CarClub стикер позади конечно, се осеќа веднаш дека е постартна. Сега за сега поминати околу 6000км со колава без посериозни проблеми.
« Последно менување: 15 Јуни 2021, 20:42:38 pm ivanxh »