Не е субвенциониран обичниот хибрид. :/
1.2 турбо-бензинчето би било одлично, највеќе поради повеќе торк. Тука си фали торк, односно мора да го вртиш до недоглед - ама па баш тоа прави мерак некако. Малку олд-скул вртење до 6000, па прва, друга, куплунг, треча, и сите тие работи. Не е хот хеч, ама е забавно за возење. Со 30 мм пониска суспензија и нијанса пошироки и полепливи гуми има да биде ептен журка, особено пошто тежи само еден тон.