- Серво управувач
Реално, серво управувачот не придонесува ама баш ништо кон една кола да биде подобра кола. Денешните серво-управувачи со електрична поддршка се воведени поради еко норми и намалување ЦО2. За таа сметка се станати млитави, непрецизни и комплетно губиш осет на подлога преку гумите. Во споредба со нив, класичните сервоуправувачи имаат поголема тежина, даваат многу подобро чувство за подлогата, но затоа што се паразити трошат многу повеќе гориво.
Најдобро чувство за пат, шасија, штелувано подвозје, подлога и контакт со гума е кола без серво. Таква кола од помодерните е една убава Алфа. Се што е ново доаѓа со електро-серво.
- Поголеми бандажи и пошироки гуми (алу бандажи уште помалку).
Секоја кола со поголема нагазна површина на гума троши повеќе затоа што има поголемо триење. Добивките од поголеми гуми/бандажи во секојдневието се незамерливи.
- Електрика на прозорци/огледала
Го прави производството поскапо, користи повеќе природни ресурси, придонесува за побрзо истрошување на било каков акумулатор. Додава поголема маса на возилото и донесува до повисока потрошувачка на гориво.
- Централно заклучување
Го прави производството поскапо, користи повеќе природни ресурси, придонесува за побрзо истрошување на било каков акумулатор. Додава поголема маса на возилото и донесува до повисока потрошувачка на гориво.
- Мерач на вртежи
- Комплетно непотребна работа, затоа што за негово функционирање треба реконструкција на алтернаторот или дополнителни пулсирачки сензори за да се врти некоја стрелка. Го прави производството поскапо и покомплицирано.
- Осветлена шалт-табла со вградени лед/сијалички позади
Комплетно непотребна работа затоа што го комплицира процесот на производство со дополнителни ресурси.
- Тонирани стакла (во комбинација со сензор за бришачи/светла)
Комплетно непотребна работа затоа што го комплицира процесот на производство со дополнителни ресурси. Во комбинација со сензорите за дожд/светлина дополнително го оптеретува процесот на довршување, и во случај на потребна замена го усложнува процесот двојно/тројно и се трошат многу повеќе ресурси за една иста работа.
- Знаци/беџеви на колите
Комплетно непотребна работа затоа што го комплицира процесот на производство со дополнителни ресурси од пластика и метал.
- Звучна изолација
Комплетно непотребна работа затоа што го комплицира процесот на производство со дополнителни ресурси од пластика и други материјали кои многу негативно влијаат врз околната средина. Дел од материјалите не можат да се рециклираат и имаат период на распаѓање од илјадници години.
- Независно подвозје напред и назад (Алуминиумски компоненти по подвозје) (кај многу возила целото подвозје е комплетно алуминиумско)
Независното подвозје напред и назад е далеку покомплексно од обична тврда оска. Има многу повеќе компоненти од кои некои се од гума, други од пластика, трети од различни метали и имаат поголем јаглероден отпечаток кон природата отколку обична солидна оска од железо/челик. Во комбинација со спирали и амортизерите, се барем двојно до тројно поскапи за производство од едноставна/старовремска суспензија.
- Спирали/пружини на подвозје. Суспензија со челични листови е далеку поевтина за конструкција и производство и многу-многу понадежна и подоверлива од спирали/пружини.
- Вентилирани дискови (многу поскапи и покомплексни за производство)
Вентилираните дискови се барем двојно поскапи за производство отколку обичните дискови. Ако се подзамислам, добошите се уште поедноставни, поевтини и понадежни како технологија за сопирање од дисковите.
пс. Сега малце поозбилно:
АГМ акумулатор има два до три пати повеќе циклуси на полнење поради неговиот дизајн. Со други зборови, ќе трае два-три пати повеќе од обичен акумулатор.
ппс. АГМ акумулатор не е неколкукратно поскап од обичен акумулатор туку околу 40% повеќе.
За ВАРТА АГМ акумулатор за мојот Фокус треба да дадам околу 170 евра. За Фокус 1.6 екобууст без старт-стоп Варта Гел акумулатор е околу 130 евра.
За Бош АГМ акумулатор за мојот Фокус треба да дадам околу 150 евра. За Фокус 1.6 екобууст без старт-стоп Варта Гел акумулатор е околу 120 евра.