Автор Тема: Alfa Romeo Giulietta vs Kia Ceed 2021  (Прочитано 8005 пати)

Отсутен Carbuyer

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 14
Alfa Romeo Giulietta vs Kia Ceed 2021
« на: 14 Март 2021, 11:32:36 am »
Здраво на сите,
Поради потреба за купување на ново возило и немање на лагер на тоа што ми е желба мора да одам со нешто што е на лагер од категорија Hatch.
Изборот се сведува на Алфа ромео џулиета 1,4 бензин и Киа Сид 1,0 т-гди.
Можете да дадете совет ако имате искуство со колите зошто изборот ми е тој и немам некои афинитети кон ниту една од нив. Моја желба беше Леон или Голф 2021 ама нема лагер на дизели.
Цената на двете возила Алфата и Киата е тука некаде 15,300 евра.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3473
Одг: Alfa Romeo Giulietta vs Kia Ceed 2021
« Одговори #1 на: 14 Март 2021, 11:43:31 am »
Алфа all the way.

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1997
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Alfa Romeo Giulietta vs Kia Ceed 2021
« Одговори #2 на: 14 Март 2021, 11:54:14 am »
Мое мислење е да не купуваш ниедна од овие две, чим немаш афинитети кон нив.
Знам дека колата е превозно средство, лим на 4-тркала со мотор, ама сепак треба да уживаш кога ќе ја возиш, да свртиш глава кога ќе ја паркираш, да кажеш бомба ауто.

- Иво Андрич  ;D

Ако алфата е 1.4Т, тогаш неа, во спротивно киата.
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен Bokica

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1479
Одг: Alfa Romeo Giulietta vs Kia Ceed 2021
« Одговори #3 на: 14 Март 2021, 13:15:40 pm »
немање на лагер на тоа што ми е желба мора да одам со нешто што е на лагер од категорија Hatch.

Не ги фрлај парите у нешто што не ти е по желба.
Почекај и земи си тоа што ти е ќеиф.
Understeer is when you hit the wall with the front of the car. Oversteer is when you hit the wall with the back of the car. Horsepower is how fast you hit the wall and torque is how far you send the wall across the field once youve hit it.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8953
Одг: Alfa Romeo Giulietta vs Kia Ceed 2021
« Одговори #4 на: 14 Март 2021, 14:06:17 pm »
Alfata zemi si ja, ke se kefosash podocna.

I edno 10iljadi evra ke zashtedish

Отсутен Bauer

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1222
Одг: Alfa Romeo Giulietta vs Kia Ceed 2021
« Одговори #5 на: 14 Март 2021, 15:45:44 pm »
Ја да бирам Киата ќе ја купам

Sent from my SM-G973F using Tapatalk


Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8622
  • Малерозен дрводарец
Одг: Alfa Romeo Giulietta vs Kia Ceed 2021
« Одговори #6 на: 14 Март 2021, 15:52:52 pm »
Толку нема на лагер Шкххх...
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Alfa Romeo Giulietta vs Kia Ceed 2021
« Одговори #7 на: 14 Март 2021, 16:04:34 pm »
Киата би била идеална согласно барањето.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8953
Одг: Alfa Romeo Giulietta vs Kia Ceed 2021
« Одговори #8 на: 14 Март 2021, 16:41:06 pm »
Толку нема на лагер Шкххх...

Nema nigde, se ceka dolgo. Globalen nedostatok na semiconductors ima. Site patat.

Отсутен draganamon

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 691
Одг: Alfa Romeo Giulietta vs Kia Ceed 2021
« Одговори #9 на: 14 Март 2021, 17:48:36 pm »
Kia-та е поубава, Alfa-та има подобар мотор. Јас гласам за Kia

Sent from my FIG-LA1 using Tapatalk


Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8953
Одг: Alfa Romeo Giulietta vs Kia Ceed 2021
« Одговори #10 на: 14 Март 2021, 18:09:12 pm »
Ova so go pisa e krivicno delo da si znaesh

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: Alfa Romeo Giulietta vs Kia Ceed 2021
« Одговори #11 на: 14 Март 2021, 19:02:37 pm »
Глеј со алфата да прибавиш малце подобар пакет на опрема (Не Giulietta туку Super). Знам дека е истегнување уште некоја иљадарка, ама ако ја зимаш на кредит, а не за кеш, ќе дојде 20-30е поголема рата. Ќе рипнеш една кафана месечно и ќе надоместиш :)

Според мене, веројатно KIA-та ќе понуди послаби возни карактеристики (и моторчето е потромаво), а подобри (помодерни) геџетарии во кабина. Ако можеш (убеди ги дека си озбилен за купување), провози ги и двете и тоа и низ град и малце на отворено, обиколница, по качанички пат или сл. Ќе видиш кое повеќе ти одговара.


Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: Alfa Romeo Giulietta vs Kia Ceed 2021
« Одговори #12 на: 14 Март 2021, 20:23:04 pm »
Најверојатно алфата подобро вози у смисол кога ја качуваш на водно, стража, плетвар и мус тест е стабилна, али ја сепак би идел на киата, доста понова е внатре и има корисни работи и гаџети. Освен што кола треба да има добри возачки карактеристики, многу е важно како ти се осеќаш дур возиш, ергономија, дали нешто не нервира посебно кога се вози колата, дали е практична итн.

Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2672
Одг: Alfa Romeo Giulietta vs Kia Ceed 2021
« Одговори #13 на: 14 Март 2021, 21:49:41 pm »
Nekako ne mi e jasen rezonot, od sto nema dizel odis na turbobenzin skroz durgi firmi?

Zosto ti e dizel, radi golema kilometraza ili?



Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13921
Одг: Alfa Romeo Giulietta vs Kia Ceed 2021
« Одговори #14 на: 15 Март 2021, 09:58:26 am »
Здраво на сите,
Поради потреба за купување на ново возило и немање на лагер на тоа што ми е желба мора да одам со нешто што е на лагер од категорија Hatch.
Изборот се сведува на Алфа ромео џулиета 1,4 бензин и Киа Сид 1,0 т-гди.
Можете да дадете совет ако имате искуство со колите зошто изборот ми е тој и немам некои афинитети кон ниту една од нив. Моја желба беше Леон или Голф 2021 ама нема лагер на дизели.
Цената на двете возила Алфата и Киата е тука некаде 15,300 евра.


Прва грешка:

Сакаш да се спружиш сериозна сума пари за возило кое нема да ти прави ќеиф? Не би играл јас така друже :) Ако веќе купуваш возило, гледај да ти прави ќеиф. Ако сакаш Леон/Голф стрпи се, уплати си тоа што ти прави мерак. Нема да е крај на светот ако ти треба некое време да дособериш пари.

Втора грешка:

Дизел веќе не се исплаќа да купуваш, освен ако правиш некоја јака километража годишно, па да се исплаќа. Гледај бензинец. Модерниве бензинци се исто толку економични, плус тоа полесни за одржување на подолог рок. Далеку сме да кажуваме за еколошкиот момент, ама ајде ќе речеме дека новиве дизели се доста добри во тој поглед.