Од Леон и Голф,
се стесна изборот меѓу Џулиета и Сид,
за на крајот Шкода да се земи.
Каков пресврт човече.
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Ајде малку да појаснам.
Најголем приоритет ми беше да скупам хечбек со дизел мотор. Тоа што барав од колата е да биде колку повеќе звучно изолирана и удобна.
Леонот од сите коли во класата е со најдобар дизајн но кога седнав внатре забележав дека пластиките и не се така стегнати за автомобил +22000 евра а и доаѓаше во црвена неметалик боја, не дизајр ред како на ФР моделот.
Голфот беше автомобил кој најверојатно ќе го купев ако имаше лагер, а воедно ми остави најдобар впечаток, од стегнатост до квалитет на изработка а и опрема со која доаѓаше. Во моментот на купување немаше ништо на залиха и требаше да се чека до крај на август за испорака.
Октавиа исто требаше да се чека до Октомври.
Шкода Карок само погледнав во Салонот на Шкода но таму бев максимално изигнориран од вработените и реков фак ит не земам Шкода.
Е сега бидејќи ништо од горе наведеното немаше на залиха, а мене ми требаше автомобил и немав повозано Сеед и Џулиета туку само ги имав видено како најефтини нови возила во класата си реков да ве прашам овде.
Во меѓувреме пристигнаа нови возила Карок и се решив да го видам но не во Шкода Скопје
Го пробав, ми се допадна колку е прегледен и лесен за возење, моторот е многу тивок за дизел а и потрошувачката од 4л е повеќе од задоволувачка.
Го платив и сега си го возам. Незнам дали е само мое мислење но во поглед на квалитет на ентериер(од аспект на материјали и стегнатост) во моментов Шкода е пред Сеат.
Единствено ми е малку жал што Хјунади Тусон пристигна еден месец подоцна од кога го купив јас па незнам дали има некоја разлика во квалитет на возни својства.