07.02.2026 година, 176.156 километри.
Заебаваше нешто рачната, моите се жалеа, додуше и мене ми се деси еднаш-два пати - спуштена рачна, левото тркало не пушташе. Требаше уште еднаш да се дигне, па да се спушти и немаше после проблем. Ладно беше доста тие денови, ама јеби га - секако треба да се регистрира месецов, не сакам да ме ебаваат на технички.
Заменето:
- гуртни LPR 08660, 1.300,00 денари, и
- глицерин Mannol DOT4 1l, 300,00 денари.

Сѐ помина мазно. Не беа многу потрошени гуртните, ама беше запечена полугата за сајлата на левото тркало. Рамката беше Bosch, потрошниот слој Ferodo. Фабричките се, пошто никогаш не беше отворано.
Ги вадев комплет, ги монтирав на маса, па ги враќав комплет. Исчистено сѐ добро и подмачкани 6-те точки на триење со Wurth HSW100 бела маст.
Пред да ги монтирам, ги затапив со шмиргла надворешните ивици од потрошниот слој малку, за да им помогнам при bed in.
Некоја слика…








Ми остана големиот мутер што го држи добошот за осовината за замена. Пошто лагерот е на добошот, по part number оди заедно со лагер, го нема само мутерот. Ќе ги нарачам секако понеделник да ги заменам, пошто ги оштетив. Беше свиткан надворешниот дел во каналче, за да не се одвртува. Го свиткав и јас, ама не ме бендиса, ќе ставам нови, премногу се оштетени.
Глицеринот го заменив повеќе за да ја пробам пумпата, па испадна дека добро што го заменив, пошто имаше доста меурчиња низ цревото. Го менував со другата пумпа на 14.11. лани. Сега знам дека е прописно заменето.




Го извадив од резервоарчето глицеринот, го избришав, ставив нов, ја наполнив и прикачив пумпата, напумпав 1.5 бари и вртев задно десно, задно лево, предно десно, предно лево. Извадив околу 800мл.
Добра забава на убав ден. Топло, мирно, 17-18 степени беше.