Ентериерот во голф 8 e со ист или повисок квалитет само што во фиоката внатре нема веќе мек тапацир да не тропаат работи туку пластика. Од надвор е штедено амортизерче за хауба што нема и некои други ситници но за сметка на тоа осмицата по сите тестови е потивка, има подобро управување и подобар дампинг.
Нема параметар по кој леонот би бил поквалитетен внатре а па тек со скала да споредуваш е грев.
https://youtube.com/watch?v=X48c9lFX3NY&feature=share Еве едно видевце онака за споредба. Дисклејмер: секако дека двата голфа се со различни тримови но "проблемите" кои се потенцирани во 8 цата се исти и во повисокиот r line пакет.
Друго, инфотејнментот е многу покомплициран за користење. Во суштина нема многу разлики во опциите кои сњ нидат и во двата голфа, освен тоа Car2x - во суштина промена на податоци меѓу две возила. Но големиот приблем е во ергономијата. Со тоа што се става екран со комплицирани менија се намалува ужитокот во возење и безбедноста. Контролите за клима се капацитив слајдери кои не се многу сензитивни на допир и најобичното уклучување на климата станува фрустрирачко. Има многу други начини на кои можеа да го решат тој проблем, па дури и во нивната кошничка од брендови имаат решение кое е многу подобро - како кај новите ауди со хептик фидбек на самиот екран.
Фамозниот звук на затварање на вратите не е веке истиот, звучат како да се поефтини со пометаличен звук.
Понатаму тие bezels околу екраните го прават да изгледа како прототип недовршен модел. Како можеше 2 години претходно на туарегит да направст една мазна bezel-les површина а сега е оставено со пластика која верувам е многу поефтина.
Во суштуна сите овие ситници одземаат од perceived quality на ентериерот, а верувам ќе уштедат некое милионче на крајната продажба.
Во врска со квалитетот на вожња и тивкоста на возилото се слагам со тебе, во право си, но истото тоа го имаат направено и на леонот, дури леонот заедно со аудито имаат подолго меѓуоскино растојание од голфот.
За жал мислам дека сум во право, кога ќе се соберат сите овие работи се добива впечаток дека VW има искалкулирано да уштеди некоја паринка на производството и дека сепак дизелгејтот ги има погодено во џебот.
Sent from my iPhone using Tapatalk