Автор Тема: VW GOLF 7.5 1.4 tsi R Line - 2017  (Прочитано 7366 пати)

Отсутен SeaWalker

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 18
Одг: VW GOLF 7.5 1.4 tsi R Line - 2017
« Одговори #30 на: 06 Март 2021, 13:58:44 pm »
Ентериерот во голф 8 e со ист или повисок квалитет само што во фиоката внатре нема веќе мек тапацир да не тропаат работи туку пластика. Од надвор е штедено амортизерче за хауба што нема и некои други ситници но за сметка на тоа осмицата по сите тестови е потивка, има подобро управување и подобар дампинг.

Нема параметар по кој леонот би бил поквалитетен внатре а па тек со скала да споредуваш е грев.
https://youtube.com/watch?v=X48c9lFX3NY&feature=share
Еве едно видевце онака за споредба. Дисклејмер: секако дека двата голфа се со различни тримови но "проблемите" кои се потенцирани во 8 цата се исти и во повисокиот r line пакет.
Друго, инфотејнментот е многу покомплициран за користење. Во суштина нема многу разлики во опциите кои сњ нидат и во двата голфа, освен тоа Car2x - во суштина промена на податоци меѓу две возила. Но големиот приблем е во ергономијата. Со тоа што се става екран со комплицирани менија се намалува ужитокот во возење и безбедноста. Контролите за клима се капацитив слајдери кои не се многу сензитивни на допир и најобичното уклучување на климата станува фрустрирачко. Има многу други начини на кои можеа да го решат тој проблем, па дури и во нивната кошничка од брендови имаат решение кое е многу подобро - како кај новите ауди со хептик фидбек на самиот екран.
Фамозниот звук на затварање на вратите не е веке истиот, звучат како да се поефтини со пометаличен звук.
Понатаму тие bezels околу екраните го прават да изгледа како прототип недовршен модел. Како можеше 2 години претходно на туарегит да направст една мазна bezel-les површина а сега е оставено со пластика која верувам е многу поефтина.
Во суштуна сите овие ситници одземаат од perceived quality на ентериерот, а верувам ќе уштедат некое милионче на  крајната продажба.
Во врска со квалитетот на вожња и тивкоста на возилото се слагам со тебе, во право си, но истото тоа го имаат направено и на леонот, дури леонот заедно со аудито имаат подолго меѓуоскино растојание од голфот.
За жал мислам дека сум во право, кога ќе се соберат сите овие работи се добива впечаток дека VW има искалкулирано да уштеди некоја паринка на производството и дека сепак дизелгејтот ги има погодено во џебот.

Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: VW GOLF 7.5 1.4 tsi R Line - 2017
« Одговори #31 на: 06 Март 2021, 14:42:07 pm »
Цитат
Фамозниот звук на затварање на вратите не е веке истиот, звучат како да се поефтини со пометаличен звук
Ох мори муко, малку е што се појави Ковидов.

Отсутен SeaWalker

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 18
Одг: VW GOLF 7.5 1.4 tsi R Line - 2017
« Одговори #32 на: 06 Март 2021, 15:53:02 pm »
Цитат
Фамозниот звук на затварање на вратите не е веке истиот, звучат како да се поефтини со пометаличен звук
Ох мори муко, малку е што се појави Ковидов.
Очигледно некој не погледнал германско in depth ревју .
Види, не велам дека е ептен битно, ама ако веке си најпознатиот произведувач на возила и имаш поставено нњкој стандард сите очекуваат многу од тебе. Колку и да е не итно пак реков многу такви небитни работи прераснуваат во проблем и малце влијаат на репутацијата која си ја стекнал.
Мада можда и ја нњ сум у право шо знам.

Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Bauer

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1223
Одг: VW GOLF 7.5 1.4 tsi R Line - 2017
« Одговори #33 на: 06 Март 2021, 18:44:29 pm »
Здраво

Со колку км го купи голфот?

Sent from my SM-G973F using Tapatalk

Отсутен SeaWalker

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 18
VW GOLF 7.5 1.4 tsi R Line - 2017
« Одговори #34 на: 06 Март 2021, 18:54:49 pm »
Здраво

Со колку км го купи голфот?

Sent from my SM-G973F using Tapatalk
Околу 160.000 км имаше кога го земав.

Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен vlavot

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 352
Одг: VW GOLF 7.5 1.4 tsi R Line - 2017
« Одговори #35 на: 11 Март 2021, 21:26:43 pm »
  Ако некој е заинтересиран може подетално да ја напишам опремата.

Sent from my iPhone using Tapatalk
Јас сум заинтересиран, напиши ја подетално целата опрема.

Sent from my iPhone using Tapatalk
“Speed has never killed anyone. Suddenly becoming stationary, that's what gets you.”

Отсутен ara

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 11
Одг: VW GOLF 7.5 1.4 tsi R Line - 2017
« Одговори #36 на: 12 Март 2021, 12:43:33 pm »
Не би се согласил дека штедат и кратат на квалитет. Барем за развојот на софтверот за навигација знам доволно како им се одвива и колку тоа чини. Тоа што пластиките делуваат поефтини е дека бркаат еко стандарди. Претходните пластики на пример барале повеќе нафта и поштетни хемикалии за производство, а и немало можност да се рециклираат. Башка производ со понизок еко квалитет е поефтин да се поизведе бидејки потешко се пласира на пазар. Така што и ова „штедење“ паѓа во вода.

Прекинав да го гледам јутјуберов кога го наброја како штедење тоа што средниот ретровизор има рамка  ??? не дека претходните беа особено битни за спомнување. Не се најверодостојни ваквите youtube reviewers пошто заработуваат за кажана добра или лоша критика. Дури полоши се од спонзорирано истражување. Повеќе се за верување самите корисници (се разбира не fanboys). Нешто како изреката „не прашај гаталец - прашај паталец“.

Отсутен smole

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3068
Одг: VW GOLF 7.5 1.4 tsi R Line - 2017
« Одговори #37 на: 13 Март 2021, 08:58:50 am »
Не би се согласил дека штедат и кратат на квалитет. Барем за развојот на софтверот за навигација знам доволно како им се одвива и колку тоа чини. Тоа што пластиките делуваат поефтини е дека бркаат еко стандарди. Претходните пластики на пример барале повеќе нафта и поштетни хемикалии за производство, а и немало можност да се рециклираат. Башка производ со понизок еко квалитет е поефтин да се поизведе бидејки потешко се пласира на пазар. Така што и ова „штедење“ паѓа во вода.

И кога ќе платиш мин. 25.000 за Голф 8 секој пат кога ќе те изнервира ефтина пластика ќе се тешиш дека е поеко од таа во Голф 7?

Кога ќе се заборавиш дека хаубата нема амортизер? Кога ќе ти тропаат ствари по фиоката?

Ако е вистина дека Голф 8 каснеше во МК и некои други екс ЈУ земји поради големиот број на делови произведени во Кина не можел да добие сертификат дека е ЕУ производ што да кажам... Или и тие кинески пластики се поеко отколку некои што би се правеле во Германија? Класично кратење на трошоци.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: VW GOLF 7.5 1.4 tsi R Line - 2017
« Одговори #38 на: 13 Март 2021, 10:21:45 am »
Одиш во салон да купиш кола и го гмечиш браникот и лимот за да утврдиш колку се дебели/квалитетни, лупаш врати да слушнеш дали вадат туп/квалитетен звук, проверуваш дали има јамболија во фиока, пипкаш шалтабла дали е од пудинг, гребеш по пластики и ги проучуваш атомите од под ноктите...
Сето тоа за да можеш мирно да спиеш ;D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: VW GOLF 7.5 1.4 tsi R Line - 2017
« Одговори #39 на: 13 Март 2021, 10:43:57 am »
Овој е ревидираниот 1.4 125 и треба да е многу добро стокмен. Скроз различен од 1.4 стариот, ни клиповите не пасуваат. Се е различно. Се што е заедничко е бројката 1.4 и ознаката ТСИ. Многу солидно моторче треба да е. Само во варијантата 1.4 тси 150кс доаѓа со АЦТ и треба да е помоќен (и уште помалку угушен иако и овој не е страшно гушен) и плус малку поекономичен.

Отсутен SeaWalker

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 18
Одг: VW GOLF 7.5 1.4 tsi R Line - 2017
« Одговори #40 на: 13 Март 2021, 11:25:26 am »
Да да и јас го сакав 150 ката 1.4 тси но требаше многу повеќе да барам и сигурно ќе беше минимум 2000 поскап. Актив цилиндер деактивацијата е многу јака функција а и побрз е за скоро 1 секунда од мојот мотор. Мислам дека целата оваа гама на 1.4 и подоцна 1.5 тси мотори се одлични.

Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: VW GOLF 7.5 1.4 tsi R Line - 2017
« Одговори #41 на: 13 Март 2021, 13:58:52 pm »
Да да и јас го сакав 150 ката 1.4 тси но требаше многу повеќе да барам и сигурно ќе беше минимум 2000 поскап. Актив цилиндер деактивацијата е многу јака функција а и побрз е за скоро 1 секунда од мојот мотор. Мислам дека целата оваа гама на 1.4 и подоцна 1.5 тси мотори се одлични.

Sent from my iPhone using Tapatalk

1.4 да но 1.5 е малце далеку од одличен. премногу комплициран мотор, ќе видиме како ќе се покаже на долг рок

Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1413
Одг: VW GOLF 7.5 1.4 tsi R Line - 2017
« Одговори #42 на: 14 Март 2021, 10:07:34 am »
Да да и јас го сакав 150 ката 1.4 тси но требаше многу повеќе да барам и сигурно ќе беше минимум 2000 поскап. Актив цилиндер деактивацијата е многу јака функција а и побрз е за скоро 1 секунда од мојот мотор. Мислам дека целата оваа гама на 1.4 и подоцна 1.5 тси мотори се одлични.

Sent from my iPhone using Tapatalk

1.4 да но 1.5 е малце далеку од одличен. премногу комплициран мотор, ќе видиме како ќе се покаже на долг рок

Што значи тоа на долг рок? 100k 200k?

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: VW GOLF 7.5 1.4 tsi R Line - 2017
« Одговори #43 на: 14 Март 2021, 10:36:44 am »
Да да и јас го сакав 150 ката 1.4 тси но требаше многу повеќе да барам и сигурно ќе беше минимум 2000 поскап. Актив цилиндер деактивацијата е многу јака функција а и побрз е за скоро 1 секунда од мојот мотор. Мислам дека целата оваа гама на 1.4 и подоцна 1.5 тси мотори се одлични.

Sent from my iPhone using Tapatalk

1.4 да но 1.5 е малце далеку од одличен. премногу комплициран мотор, ќе видиме како ќе се покаже на долг рок

Што значи тоа на долг рок? 100k 200k?
Да, така нешто, или 10-15-20 години, со македонско гориво.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: VW GOLF 7.5 1.4 tsi R Line - 2017
« Одговори #44 на: 14 Март 2021, 13:40:20 pm »

За крај... ;D