Здраво дечки!
Еве и јас како нов член на групава и како нов сопственик на возило, да ви го покажам моето возило:
2017 Vw golf 7.5 1.4 tsi, R line
После подолго размислување и разгледување го земав овој голф, баш ептен ми се бендиса уште кога го видов првиот пат, гледав многу голфови, сакав баш голф да земам но ги гледав воглавно 2014-15 голф 7 ци. Кога го видов овој одма решив да го земам. Инаку има одлично моторче бензинец 1.4 125 коњски сили, сакав посилниот 150 да го земам, но не го најдов јбг не бива сите желби, но пријатно се изненадив од моторот одлично влече и е повеќе од доволно брз. Голфот е со DSG 7 степен автоматик и многу додатна опрема, фул лед светла r line пакет од надвор, 17 ки фелни, внатре е highline опрема со додатни опции. Се изненадив од опремата која возилото ја има. Ако некој е заинтересиран може подетално да ја напишам опремата.
Еве ви некоја слика во продолжение
Sent from my iPhone using Tapatalk