Ај да ја апдејтирам сервисната книшка, пошто книшка како книшка немам. Темава ми е сервисна книшка.
На 205.000 2-3 пати ми изгаси во вожња колата на мала гас, средено со проверка прочистување на дизни и смена на BOSCH FUEL PRESSURE CONTROL VALVE REGULATOR. (не го знам точниот назив на македонски). (ова е уствари првиот непредвиден дефект на колава).
Успат сменет фабричкиот акумулатор со нов дурацел агм 80а. После 13 години полека испушташе душа. Колава палеше, ама акумулаторот не беше како што треба, нормално.
Завчера на 210.000км сменето комплет сет ламела замаец све тоа. Колава почна да тресе ненормално, и во лер и во брзина. Лагерот на замаецот се поебал нешто, и изгубил правец.. така ми објасни мајсторов.
Ламелата и таа излижана, при крај е се гледа. Колата е возена динамично, но не насилно, најверојатно ремапот си го зема данокот со кратење на некој километар плус што би издржале ламелата и замаецот.
И така...