Неколку ситни прашања
- Дали ти влегува вода низ прозорецот на предните врати кога ја переш колата на овие самоуслужни перални, со оглед на тоа дека е frameless прозорец? Минатата недела морав да возам по пороен дожд, и најдов капки внатре на столбот и прагот
- Дали ти ја помни опција која ти е сетирана кога ке убациш во рикверц на малото екранче? Имам проблем со тоа што секогаш се пали на Graphic view, ке го наместам на Bird view Camera, и по гасење на колата, пак се враќа на graphic view, кој е практично неупотреблив.
- Дали менуваше водна пумпа на 100к? Читам, препорачана километража е за такво нешто.
- Дали го слушаш ад блу резервоарот, и течноста внатре што се движи на тргнување? Со 12 литарски резервоар немав ваков проблем, со 24 литри се слуша понекогаш.
Ко за крај, аман не ја сликај колата во сенка, бојата изгледа 10 пати подобро на сонце.
1. До сега не сум приметил вода кај столбот никогаш. А ја перам во просек на 3-4 дена на самоуслужниве перални сигурно, со темнава боја се отепав од перење.
2. Да, ја помни опцијата секогаш. Наместено ми е кога ќе ставам во рикверц во најголем формат да гледам назад, од десна страна имам Bird View, кога ќе ставам во "D" автоматски се префрла на предната камера, па ако ставам во "R" пак враќа назад и така.... Кога ти е уклучена 360 камерата отиди десно со џоистикот и влегуваш во Сетингс па одтаму имаш да си подесиш дали да памти и како да трга.
3. Немам сменето ништо, на 120/140ккм може да ја сменам, ќе барам тогаш по нет, ќе ја мислам. На 120/40 ќе менувам и масло во Диференцијалите и Менувачот ама незнам каде да ја однесам за тоа. Следам на ФБ еден бугарски сервис(Das Auto Service) што се занимава со сервис на возила од VAG групацијата и работат како што треба, при менување на масло во менувачи менуваат и картер, филтри, штрафови и слично. Би сакал во некој таков сервис да го направам тоа.
4. Кога ми спомна сега и ќе ми текне, можеби во многу ретки случаи некогаш слушам, кога е по празен ама ништо посебно за да приметам, а опседнат сум со звуци
5. Представуј ја ајде