Автор Тема: Audi A5 Sportback 3.0 TDI Quattro / B9  (Прочитано 58555 пати)

Отсутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5192
  • Пиши лаже
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI Quattro / B9
« Одговори #240 на: 22 Јануари 2022, 16:57:36 pm »
Не можеш да му ја закачиш втора како на Бмв то, џабе е...

Sent from my SM-G998B using Tapatalk

Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI Quattro / B9
« Одговори #241 на: 23 Јануари 2022, 01:24:11 am »
Јас лично највеќе го платив заради лоцирањето. Не е скапо(40 евра за 1 година) а мислам може да заврши доста работа во поглед на безбедност и колку толку мирен сон кога си во странство. За западен балкан секако не е проблем Роамингот веќе но ако е надвор од западен балкан има и вграден СИМ во неа за оваа работа со важност до 2116 година, така да топ си е. Има и една друга лиценца за Ауди Конект (цени на гориво, временска прогноза и сл) но таа е 155 евра за 1 година а со денешниве смартфони сметав не вреди да се фрлат толку пари за тоа.
Најјаката кола на форумот момент. Искина во времето на кум.....

Sent from my SM-N770F using Tapatalk

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3838
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI Quattro / B9
« Одговори #242 на: 23 Јануари 2022, 01:39:41 am »

Такви времиња беа брату, се користеше :D

@Tony Фала, каква ти лежи на срце да возиш :)
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3838
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI Quattro / B9
« Одговори #243 на: 15 Февруари 2022, 09:24:24 am »
Денес регистрирана по втор пат(неколку дена порано). За оваа година се поминати 27.000км за кој просечна потрошувачка е 8.0л/100км. Сега за сега пре-презадоволен од возилото, се надевам ќе остане така.
Летнава сезона ќе добие нови гуми (Michelin PS5 ако успеам да ги најдам, ако не GY Assy 6 ќе бидат) и тоа е тоа. За жал ја немам извозено убаво на снег како што сакам, но се надевам периодов ќе се смени и тоа.

If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI Quattro / B9
« Одговори #244 на: 15 Февруари 2022, 11:35:43 am »
Браво, си ја утепал од возење!

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3838
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI Quattro / B9
« Одговори #245 на: 15 Февруари 2022, 12:27:34 pm »
Ќе беше и доста повеќе но со моменталните ситуации за патување тоа е. Се надевам годинава ќе се олесни колку - толку патувањето па ќе успеам да ја провозам до Австрија.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3838
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI Quattro / B9
« Одговори #246 на: 25 Март 2022, 16:41:06 pm »
Денес на 105260км ставени се нови летни гуми, се решив за Michelin Pilot Sport 5 во димензија 255/35R19 XL. Се мислев помеѓу оваа гума и GY Assy 6, но таа беше малце потешко да се најде па се решив за Мишелинот. Continental не идеше во предвид зошто имам лошо искуство со нив во поглед на тоа колку брзо се трошат. По промената одма осетив дека вожњата стана за некоја нијанса потврда, ќе проверам со мојот манометар како е притисокот, да не ги препумпале кога ги менуваа ама веројатно зимскиве гуми што се со поголем профил на 20 степени надворешна температура се доста меки.
Со зимските поминав 9000км и сум доста задоволен од нив. Сите се рамномерно потрошени и без проблем ќе се возат и наредно зимо.

Еве и некое сликиче да не биде штур постот.

If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Nandor The Relentless

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8622
  • Малерозен дрводарец
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI Quattro / B9
« Одговори #247 на: 25 Март 2022, 16:44:27 pm »
Одлично светло си фатил.
Ашколсун лепотан.
Добра плата.
Прав скопјАнец.

Отсутен Diesel

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6150
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI Quattro / B9
« Одговори #248 на: 25 Март 2022, 18:51:20 pm »
How dare you да кажеш нешто лошо за Континентал? Како? Мислам, дегутантно, декаденција...

Со здравје да ги пичиш, ти бар возиш, маста да им ја извадиш.

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7062
  • хаУс мајстор
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI Quattro / B9
« Одговори #249 на: 25 Март 2022, 19:26:01 pm »
Бојава е порно.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI Quattro / B9
« Одговори #250 на: 25 Март 2022, 20:07:26 pm »
Да не се тврди зошто си зел XL варијанта?

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3838
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI Quattro / B9
« Одговори #251 на: 25 Март 2022, 20:38:09 pm »
Да не се тврди зошто си зел XL варијанта?

И минатите летни беа XL, али одамна беа тие па не ни памтам искрено колку точно тврда беше :D Како и да е, Ауди препорачува XL во кватро моделите па заради тоа и земав такви. Ќе се навикнам за неколку дена, ништо страшно не е.

@зоки-златен  Фала Зоки :)

@Diesel Јас такво искуство имам. Континентал летни и Нокиан зимски никогаш нема да ставам повеќе на мое возило.

@loopz  Фала ти, не се малце под вагрес сликиве али фанав светлина добра ете :)
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI Quattro / B9
« Одговори #252 на: 25 Март 2022, 20:43:30 pm »
Можно е и да нема не-XL варијанта во овие димензии. Убава гума си избрал, ќе чекам инфо како си задоволен со тек на време.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3838
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI Quattro / B9
« Одговори #253 на: 25 Март 2022, 21:01:53 pm »
@Simo - Carrier159  Фала Симо. И јас не сум сигурен дали има 35 профил во не XL димензија али искрено многу не се ни замарав со тоа, само XL барав. Да ја повозам во сите услови убаво и ќе пишам мислење за гумава. Доста задоволен бев од ПС4 па заради тоа и овие ги избрав. А и мераклија сум на гуми па сакав да ја пробам.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6841
  • French diamond
Одг: Audi A5 Sportback 3.0 TDI Quattro / B9
« Одговори #254 на: 25 Март 2022, 23:20:27 pm »
Си реков сам на себе, следна кола здравје ако сум во Швабодонија најверојатно ќе биди ваква А5, многу лична кола.