Извозени 19.000км со колата од како ја имам, денес и направив втор редовен сервис, овој пат во Митревски. Променето уље, ставено Castrol LL III и сите филтри. Колата си е супер, секојдневно се вози и секој ден сум се позадоволен од неа, масажерите во седиштата и греењето на истите и воланот е права ствар за ладниве утра.
Потрошувачката за овие километри e 7.8л/100км што за мене е изненадувачки малце.
Нареднава недела ќе земам 18 бандажи, најдов настаро едни интересни ОЕМ што одговораат точно во ET, PCD и централната дупка, заради тоа што е со Torsen сакав да биде се до милиметар точно како што пропишала фабриката, не би сакал да има некој проблеми со диференцијалот и менувачот заради несоодветна димензија на бандаж или гума.
За бандажите се решив да не одам со кинески копии(иако имаше некој преубави на лик) заради тоа што бев презадоволен од старите ОЕМ што ги имав на А4-ката, за толку многу километри ни се искривија ни мрднаа.
За гуми уште не сум решил точно какви ќе бидат, првен да ги земам бандажите, димензијата ќе биде 245/40R18.
Еве едно сликиче, да не биде штур постот.