Автор Тема: CARclub Тест: Alfa Romeo Giulietta 1.6 JTDm 105  (Прочитано 4062 пати)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
CARclub Тест: Alfa Romeo Giulietta 1.6 JTDm 105
« на: 22 Ноември 2019, 13:03:01 pm »






Некои веќе видоа, па да си напраиме муабет. Неколку дена возев Alfa Romeo Giulietta 1.6 JDTm 105.

Позитивно:

- Многу убаво вози. Многу. Стварно многу. Уел дан.
- Убаво, ниско седење. Многу добри седишта.
- Рачката од менувачот многу ми праи мерак, иако е пластична. Да е моја, би ги офарбал бројките на брзини со некаков лак во црвена боја, како што правеше @MartinAlfista. Менувачот е фин и прецизен.
- Фина просторна понуда.
- Голем (и длабок) багажник.
- Прегледноста е генерално океј.
- Сосема коректно тивка на повисоки брзини, но не е најтивка во класа.
- OBD портот го ставиле на фино, практично место.
- DNA системот функционира одлично. Во Dynamic има огромна разлика и колата оди како да има повеќе од декларираните 105 коњски сили. Всушност, моторот повлекува одлично. Браво.
- Економичен мотор. Во Д, низ град околу 8, ама со газење. Во N (нормал) околу 6.4-6.5 со нормално градско возење.
- Скриените задни кваки се многу убав детал.
- Издувчето изгледа многу убаво позади.
- Чувството внатре е многу спортско, и повикува да биде возена онака, ентузијастички. Браво.
- Индивидуалните деталчиња се многу убаво дизајнирани и решени - носачите на страничните ретровизори, магленките, ДНА селекторот внатре, итн.
- 17-инчните тркала се таман. Може и поголеми, ама овие се таман. Плус убаво изгледаат.
- Overall, многу убава, динамична форма има. Плус црвена, како што треба да биде.
- Добро изгледаат алуминиумските педали. Треба секоја кола да ги има.

Негативно

- И после 10 години, не ми фаќа око на лик. Не ми јасно што е толку паѓањето во несвест дека била убава кола. Мене, субјективно, не ми е. Личен вкус.
- Материјалите внатре се океј, ако се земе во предвид дека е старичка веќе. Но реално, пластиките можат да бидат многу подобри.
- Ербегот со големина на послужавник е смешен.
- Централниот наслон не се спушта надоле.
- Контролите се различни од скоро све што сум возел. Тоа не е проблем само по себе, ама ми дојде чудно.
- Ми фали уште спуштање на воланот надоле и уште 2-3 цм да можам да го повлечам накај мене.
- На отварање багажник, мора да се брцне прст под работ на багажникот. Ако врнело (како што врнеше додека беше колата кај мене), неизбежно ќе си ги испрљате рацете.
- Радиото глумеше лудило околу поврзување со телефон. Успеав, не дека не.
- Има една чудна пластика над нозете доле, под воланот, покриена со теписон. Чудно е ниска, и ја закачував со левата патика на секое префрлање од куплунг на footrest. Веќе беше разресен теписонот. :/

Сè на сè, многу добар пакет, особено по акциската цена по која се нуди. Човек може да прости за многу од работите, и ако му се свиѓа како изгледа, со бензинчето е одлична понуда. Плус, новата моделска година (оваа што ја возев е регистрирана лани и нема некои од најновите детали) доаѓа со убав заден дифузер позади, поубаво-дизајнирани седишта и многу подобар 7-инчен инфотејнмент.
« Последно менување: 22 Ноември 2019, 13:16:13 pm zeroSignal »

Отсутен howitz

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2273
Одг: CARclub Тест: Alfa Romeo Giulietta 1.6 JTDm 105
« Одговори #1 на: 22 Ноември 2019, 13:09:19 pm »
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Некои веќе видоа, па да си напраиме муабет. Неколку дена возев Alfa Romeo Giulietta 1.6 JDTm 105.

Позитивно:

- Многу убаво вози. Многу. Стварно многу. Уел дан.
- Убаво, ниско седење. Многу добри седишта.
- Рачката од менувачот многу ми праи мерак, иако е пластична. Да е моја, би ги офарбал бројките на брзини со некаков лак во црвена боја, како што правеше @MartinAlfista. Менувачот е фин и прецизен.
- Фина просторна понуда.
- Голем (и длабок) багажник.
- Прегледноста е генерално океј.
- Сосема коректно тивка на повисоки брзини, но не е најтивка во класа.
- OBD портот го ставиле на фино, практично место.
- DNA системот функционира одлично. Во Dynamic има огромна разлика и колата оди како да има повеќе од декларираните 150 коњски сили. Всушност, моторот повлекува одлично. Браво.
- Економичен мотор. Во Д, низ град околу 8, ама со газење. Во N (нормал) околу 6.4-6.5 со нормално градско возење.

Негативно

- И после 10 години, не ми фаќа око на лик. Не ми јасно што е толку паѓањето во несвест дека била убава кола. Мене, субјективно, не ми е. Личен вкус.
- Материјалите внатре се океј, ако се земе во предвид дека е старичка веќе. Но реално, пластиките можат да бидат многу подобри.
- Ербегот со големина на послужавник е смешен.
- Централниот наслон не се спушта надоле.
- Контролите се различни од скоро све што сум возел. Тоа не е проблем само по себе, ама ми дојде чудно.
- Ми фали уште спуштање на воланот надоле и уште 2-3 цм да можам да го повлечам накај мене.
- На отварање багажник, мора да се брцне прст под работ на багажникот. Ако врнело (како што врнеше додека беше колата кај мене), неизбежно ќе си ги испрљате рацете.
- Радиото глумеше лудило околу поврзување со телефон. Успеав, не дека не.
- Има една чудна пластика над нозете доле, под воланот, покриена со теписон. Чудно е ниска, и ја закачував со левата патика на секое префрлање од куплунг на footrest. Веќе беше разресен теписонот. :/

Сè на сè, многу добар пакет, особено по акциската цена по која се нуди. Човек може да прости за многу од работите, и ако му се свиѓа како изгледа, со бензинчето е одлична понуда. Плус, новата моделска година (оваа што ја возев е регистрирана лани и нема некои од најновите детали) доаѓа со убав заден дифузер позади, поубаво-дизајнирани седишта и многу подобар 7-инчен инфотејнмент.

 ;D
За вкусови не се расправа, по нив се плука.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Тест: Alfa Romeo Giulietta 1.6 JTDm 105
« Одговори #2 на: 22 Ноември 2019, 13:46:24 pm »
Многу е добра акциската понуда според мене. Сосема разбирам некој да ја исползува, особено во оваа СОВРШЕНА боја и СОВРШЕНА боја на бандажи - како што и прилега на колата.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: CARclub Тест: Alfa Romeo Giulietta 1.6 JTDm 105
« Одговори #3 на: 22 Ноември 2019, 16:47:31 pm »
Очекувам коментари барем од @marjanot и @Borce-Fiat. :)

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10963
  • 430i
Одг: CARclub Тест: Alfa Romeo Giulietta 1.6 JTDm 105
« Одговори #4 на: 22 Ноември 2019, 16:55:52 pm »
Во кратки црти, мојата е многу побрза  ;D

Забелешките се на место и позитивни и негативни, таа пластика не ја средиле од 2010-та.

Не сум се нашол во ситуација директно да споредам, ама генерално заклучокот е истиот. Овде се потсредувани само финеси кај 10 години стар модел.

Без разлика и споредено со денешнава конфекција, сепак те тера да се завртиш по неа и на кој не му смета муцката, мислам дека со сегашната понуда е одлична зделка.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7075
Одг: CARclub Тест: Alfa Romeo Giulietta 1.6 JTDm 105
« Одговори #5 на: 22 Ноември 2019, 17:19:27 pm »
Во кратки црти, мојата е многу побрза  ;D

Забелешките се на место и позитивни и негативни, таа пластика не ја средиле од 2010-та.

Не сум се нашол во ситуација директно да споредам, ама генерално заклучокот е истиот. Овде се потсредувани само финеси кај 10 години стар модел.

Без разлика и споредено со денешнава конфекција, сепак те тера да се завртиш по неа и на кој не му смета муцката, мислам дека со сегашната понуда е одлична зделка.
Освен што изгледа за нијанса поубаво според мене, се друго е на страна на Спортажот за скоро иста цена.

@marjanot како сингл, без деца, човек кој не иде по одмори, вози само на западноевропски патиша, има кум автомеханичар и нема проблем со кичмата, ми е сосема разбирливо да ја избере Алфата. За секој друг логичен избор е Џип(че) или крос(овер)че.


Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10963
  • 430i
Одг: CARclub Тест: Alfa Romeo Giulietta 1.6 JTDm 105
« Одговори #6 на: 22 Ноември 2019, 17:28:09 pm »
БАН!

Отсутен Borce-Fiat

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 920
  • Virus-Alfa
Одг: CARclub Тест: Alfa Romeo Giulietta 1.6 JTDm 105
« Одговори #7 на: 22 Ноември 2019, 19:02:46 pm »
Eve nekoja recenica i od mene. stvarno mnogu, mnoguu ubavo vozi, stabilno, ednostavno se glede deka 90% od vrednosta na kolata e samoto podvozje i 10% za plastikite vnatre 😁😁 Vo krivini dava custvo deka i zadniot del " vrti " , i so samo 105konja, dobivas nasmevka vo sekoja krivina ( infarkt so na @marjanot 😁😁 )

Dinamik e prava stvar, volanot stanuva 100% direkten, pedalata za gas poagresivna i odi malko vo overboost za dopolnitelni 40NM ( za 1.6jtdm 105hp modelot ) no si ima i negativni raboti, vo dinamik stalno " simulira Q2 diferencijal " preku kosnicite i odma si se trosat mnogu poveke, isto taka i direktniot volan za nekoj znae da bide naporen ( na mene mi se dopaga ).


Normalno ne e idealna kola, si ima mani.
Pedalite za gas i kosnica se cudno postaveni i si saka naviknuvane, koga e ladna, raboti kako rastimana gitara, zimata mnogu tesko zagreva, DPF mnogu cesto pravi regeneracija ( na sekoj 100km ako e samo gratska ), Uconnect inforejment sistemo znae da bagira ( dva pati bev da mi pravat update ), fabricki nazad e " rascepatena " zadnicata i zatoa mora da se rotirat gumite na sekoj 4000-5000Km, za site isto da se trosat, navigacijata si raboti super, no so denesnive smart telefoni, mislam deka nema potreba od nejze.



U kratki crti, momentalnata ponuda im e top, za ubavi pari, si kupuvate ubava, porazlicna, nekako unikatna kola, koja vi garantira nasmevki i komentari na sekoja domasna slava ( u glavnom komentari kako si se zaebal ) 😁😁😁😁
LA MACCHINA DELLA EMOZIONI

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54990
  • Махер
Одг: CARclub Тест: Alfa Romeo Giulietta 1.6 JTDm 105
« Одговори #8 на: 22 Ноември 2019, 19:13:22 pm »
И јас истото го забележав со preload на кочниците, а цело време би си ја возел во динамик само да немаше прелоад. Ама како и да е и да ги јаде, сепак е топ динамик модот. Затоа што идеално се однесува колата, и нека ги троши ако треба.

Супер е за возење, слично со 308 и Фокус.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5855
Одг: CARclub Тест: Alfa Romeo Giulietta 1.6 JTDm 105
« Одговори #9 на: 22 Ноември 2019, 19:18:18 pm »
Абе кад нема фасул добри се и макароне.😁

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk


Отсутен Borce-Fiat

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 920
  • Virus-Alfa
Одг: CARclub Тест: Alfa Romeo Giulietta 1.6 JTDm 105
« Одговори #10 на: 22 Ноември 2019, 19:19:13 pm »
Ne sum vozel focus ili 308, no eve na primer, generacii podobro vozi od Fiat Bravo i Alfa MiTo. Ne deka Bravo i MiTo se losi, no se daleko zad Giulietta, bash sakam da napravam sporedva so A3 i A klasata na mercedes, no vo nekoja prilika zdravje.
LA MACCHINA DELLA EMOZIONI

Отсутен comang

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 135
Одг: CARclub Тест: Alfa Romeo Giulietta 1.6 JTDm 105
« Одговори #11 на: 14 Февруари 2021, 18:59:11 pm »
Ne sum vozel focus ili 308, no eve na primer, generacii podobro vozi od Fiat Bravo i Alfa MiTo. Ne deka Bravo i MiTo se losi, no se daleko zad Giulietta, bash sakam da napravam sporedva so A3 i A klasata na mercedes, no vo nekoja prilika zdravje.
Ништо не се подобри, зборам за подвозје, feeling. Внатре квалитетот е друга приказна!
ex AR 145 1.4TS, ex AR 159 1.9JTDm
AR 145QV.....