Клабери тек сеа иам време да се објаснам, колата е земена, возена околу 200 км од вчера до денес, денес бев ск чисто да видам како е, засега се е океј, поубо работи мотор, поубо работи мењач. Мајсторот ми кажа дека било проблем со изолација и некој спој помеѓу каблите ништо по конкретно, далеку од менување на моторен компјутер. Уз пат денес додека бев ск отидов и тојота чисто да се искарам, сервисерот кога му кажав дека го средив проблемот беше као, “што имаше некој проблем со инсталација’’ како да знаеше што се дешава по говор на тело, да му кажав и проблемот го решив за 2000 денари и почна да се објаснува дека тие тука не проверувале такви работи туку мењале главен дел, и као има ентузијасти што би го работеле тоа а тие не, некако дрзок одговор добив.
Не битно, не сакав да навлагам понатаму пошо може ќе ми треба во иднина морав да бидам присебен.
Углавном моето мислење за овластен сервис се сврти за 360 степени, не ми е јасно како може овластени сервисери да не проверат се што треба пред да донесат заклучок што треба да се смени, а дечки што работат во гаража да го средат за смешна сума..
Фала ви на сите за помошта