Автор Тема: Совет за половно / ново возило 20к-30к  (Прочитано 44064 пати)

Отсутен bakigvg

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 33
Одг: Совет за половно / ново возило 20к-30к
« Одговори #315 на: 16 Јануари 2024, 09:00:38 am »
https://omo.mk/listings/land-rover-range-rover-evoque-2-0-td4-150cv-business-premium-pure-aut/  исто и овој модел е во буџетот, и е од сигурен плац што би се рекло.Но како е во однос на одржувањето во поглед на цена, претпоставувам поскапо наспроти пежото.
Уште 7 па со 0км за спортаж

Лоши критики прочитав за Range Roverot, така да може да го избациме од игра.

Отсутен bakigvg

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 33
Одг: Совет за половно / ново возило 20к-30к
« Одговори #316 на: 16 Јануари 2024, 09:11:09 am »
...Во буџетот за нови единствено Кинезите од ДФСК со опција за плин ми се во игра. 

зошто воопшто ти е опција плин за ново возило од 30-тина иљади евра со 0км?
зошто има потреба нов мотор да се делка, да се додава паралелен систем со доплнително одржување и дополнително кратење багажен простор?

колку км месечно планираш да поминуваш?

Некој овде на форумот спомна дека доколку ми е висока потрошувачката на бензин од околу 10-11 литри, како опција би било поставување на плин. За другото прашање немам конкретен одговор, би се возело низ град најчесто.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Совет за половно / ново возило 20к-30к
« Одговори #317 на: 16 Јануари 2024, 10:55:13 am »
Кога сум бирал што кола да купам (дали половно, дали ново, дали бензин, дали дизел) ниеднаш, ама баш ниеднаш немав помислено или размислувано околу потрошувачка на гориво. Ниту може разлика од 1 литар да ме однесе на просјачки стап, ниту па може да има разлика од 3 литри помеѓу да речеме 1.2 и 1.5.


Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2748
  • Слобода или смрт
Одг: Совет за половно / ново возило 20к-30к
« Одговори #318 на: 16 Јануари 2024, 11:30:44 am »
Кога сум бирал што кола да купам (дали половно, дали ново, дали бензин, дали дизел) ниеднаш, ама баш ниеднаш немав помислено или размислувано околу потрошувачка на гориво. Ниту може разлика од 1 литар да ме однесе на просјачки стап, ниту па може да има разлика од 3 литри помеѓу да речеме 1.2 и 1.5.




Абе не е до толку наивно се тоа. Конкретно со колава сега што ја возам 400км ме коштаат 3000 денари. Со претходната коштаат 1200 на плин.
На 50к километри тоа се 3000 евра разлика.

Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2086
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Совет за половно / ново возило 20к-30к
« Одговори #319 на: 16 Јануари 2024, 12:01:47 pm »
Кога сум бирал што кола да купам (дали половно, дали ново, дали бензин, дали дизел) ниеднаш, ама баш ниеднаш немав помислено или размислувано околу потрошувачка на гориво. Ниту може разлика од 1 литар да ме однесе на просјачки стап, ниту па може да има разлика од 3 литри помеѓу да речеме 1.2 и 1.5.




Абе не е до толку наивно се тоа. Конкретно со колава сега што ја возам 400км ме коштаат 3000 денари. Со претходната коштаат 1200 на плин.
На 50к километри тоа се 3000 евра разлика.

И? што ке ти сменат 180илјади денари во животот?или важно си уштедил претпоставувам човечкиот живот е предвиден 124 години ко јапанци да живееме па долгорочно, тоа плиновите треба да се забрани и да не постои колите да се возат на плин!!

Отсутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6448
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Совет за половно / ново возило 20к-30к
« Одговори #320 на: 16 Јануари 2024, 12:18:37 pm »
Земи на струја, гага ќе полниш низ град, за подалеку ќе си планираш.  ;D

MG ZS-EV Comfort 45kw

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5927
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Совет за половно / ново возило 20к-30к
« Одговори #321 на: 16 Јануари 2024, 12:34:34 pm »
Само плин.

Отсутен Кољо

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 203
    • MVP Ring
Одг: Совет за половно / ново возило 20к-30к
« Одговори #322 на: 16 Јануари 2024, 12:55:35 pm »
По мои пресметки некаде околу 35% е заштедата со возење на плин, вклучено со сите трошоци за одржување на плинскиот уред и бензинот кој се троши за загревање на моторот.

За големи километражи и те како се исплаќа возење на плин, дури и за нијанса поефтино од дизел.

Ако се вози често на отворено, уште поефтино испаѓа.

Sent from my LM-V450 using Tapatalk


Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6849
  • French diamond
Одг: Совет за половно / ново возило 20к-30к
« Одговори #323 на: 16 Јануари 2024, 14:09:16 pm »
За постари коли плинот е прекрасна работа, а тоа што ќе му сменат на некого 3000€ во животот, сигурно е заебанција? Тоа се 6 плати во Македонија, во Германија ќе ти сменат, а не тука.

Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5558
Одг: Совет за половно / ново возило 20к-30к
« Одговори #324 на: 16 Јануари 2024, 14:27:30 pm »
3000e на 50ккм, јас не сум толкав газда да ја менувам на секое за нова, планирам барем 150000, 200000, тоа се 9-12 илјади евра разлика за гориво, горе долу  е 50% поефтино сега, претходно беше уште повеќе.
Ама секој со буџетот, на некој не му менуваат ни 3000 ни 12000 евра, мене ми праат разлика и без нулите, буџетот за гориво е тој, да немав плин ќе возев дупло помалце километри одколку сега.

Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен bakigvg

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 33
Одг: Совет за половно / ново возило 20к-30к
« Одговори #325 на: 16 Јануари 2024, 14:28:10 pm »
Сум возел Есперо Даеву ново, кое трошеше како тенк, па после земав Опел Астра половна. Разликата беше како да се возам без пари  :). Е според личното искуство не сум за таква потрошувачка од 10-11 литри, наспроти 5-6 литри. Што знам секој со своја математика. И јас не сум за плин во ново возило дефинитивно, освен ако не е фабрички вградено. Колко што сум забележал досега мотор на бензин/плин во ново возило има Дастерот. Друго ?   

Отсутен bakigvg

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 33
Одг: Совет за половно / ново возило 20к-30к
« Одговори #326 на: 16 Јануари 2024, 14:31:10 pm »
Земи на струја, гага ќе полниш низ град, за подалеку ќе си планираш.  ;D

MG ZS-EV Comfort 45kw

Би земал, да е автономијата барем 500км :)

Отсутен BraneMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1023
Одг: Совет за половно / ново возило 20к-30к
« Одговори #327 на: 16 Јануари 2024, 14:42:34 pm »
Јас ја отворив темава и тогаш барав многу коли по КЕФ да ми се и на крај си земав пасат како најдобра средна опција. Со половни коли кај наш можеш да купиш тоа што се нуди а изборот е многу слаб, или да пратиш со месеци огласи и кога ке излезе да имаш спремно пари и идеш и купуваш. Друга опција е нова кола, ама со цениве...

И сега барам сакам да сменам за нешто помладо ама тешко иде... 30к - 40к за Тусон ? :D

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54991
  • Махер
Одг: Совет за половно / ново возило 20к-30к
« Одговори #328 на: 16 Јануари 2024, 15:20:08 pm »
Виде Тусонот која цена е сега на акција? 26700. И тоа од лагер.
Крај на програмата.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Совет за половно / ново возило 20к-30к
« Одговори #329 на: 16 Јануари 2024, 15:22:02 pm »
Мојот коментар не беше потрошувачка плин/бензин, туку бензин/бензин.

Што и да се одбере, (освен во екстремен случај) сите ќе бидат опремени со сличен мотор по моќност кои едвај би имале 1 литро разлика помеѓу себе во потрошувачка.

Сосема е друг муабетот ако од старт се инсистира на плин без да се условува доколку потрошувачката би била 10/11 литри.
Цитат
Некој овде на форумот спомна дека доколку ми е висока потрошувачката на бензин од околу 10-11 литри, како опција би било поставување на плин