Автор Тема: Продавам Alfa Romeo 147 JTD 16v M-Jet  (Прочитано 4261 пати)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43699
  • Il Moderatore
Продавам Alfa Romeo 147 JTD 16v M-Jet
« на: 30 Јануари 2021, 23:16:46 pm »
Дечки, дојде време да се збогуваме со 147-цата. Ако некој сака да си ја бара бељата со Алфа, еве му шанса :)
Еве ја историјата на возилото тука на форумот: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,8025.0.html

Воглавно описот би бил оваков:
Не е перфектна состојба, не е како нова, не е без грепка, не е стакло, не е нов увоз chchchch.
Всушност колата е:
Alfa 147 2004-та година, 3 врати, со 1.9 JTD 16v M-Jet мотор и 103KW  (140КС). Има поминато околу 225.000 (така покажува тахометарот, но не гарнтирам за километражата). Во наш, фамилијарен посед е од 2013-та година, и тогаш на тахометарот покажуваше (сомнително мали) 122.500. Како и да е, за последниве 100.000км, знам дека се реални :)
Колата е регистрирана (со зелен картон) до 16 Март 2022.

МЕХАНИКА И ПОДВОЗЈЕ
Во добра механичка состојба, мотор и погон се многу солидни и доста ревносно секогаш одржувани. Ремени, затегачи, уља, течности менувани секогаш на време,  што се однесува до филтрите и маслото дури и пред време, односно барем еднаш годишно или околку 10-12.000км (фабричка препорака е на 2 години или 20.000км). Секогаш е менуван и дизел филтер во редовниот сервис.
Од побитните работи, ремен (сосе водна пумпа) сменет пред 2 години или 200.000.
Потоа, сменети се предни амортизери Bilstein B4 пред подолго време (85% имаа на последното мерење), а минатата година и задните со Monroe.
 Сите делови на подвозје се одлични (предницата е сеуште TRW во горните и долните вилушки), позади се сменети штанглите пред некој месец (веднаш после амортизерите).
Дискови одлични (и предни и задни), лани менував плочки напред, а потоа и позади (ни цвик ни мик, кочат "on a dime"). Напред се Ferodo premium плочки и Brembo дискови, а позади се брембо дисковите, а не ми текнува што плочки се (кочат, да не му ја мислите).
Турбото има малце масно по цевките од внатре, но е во солидна состојба, ни свири ни пушта ни мрси од надвор.
ДМФ ламели пумпи за куплунг итн, све е тоа со тек на време сменето и е во солидна состојба.
Уље не троши од промена до промена. Точено е Fuch Titan од страна на брат ми, а потоа јас користев Texaco.
Единствена замерка за моторот е што има мали до умерени вибрации во лер, кои при возење ги нема. Вибрациите верувам дека се јавуваат поради
држачите на мотор, но ако не ставите оригинални (од злато напраени), тешко дека ќе се реши проблемот.
Исто така треба да се смени дихтунг на издувна грана (ова може и јас ќе го средам деновиве), малце свири на ладен мотор. (средено)
Еден навој на задна главчина од тркалата е провртен :(

ВНАТРЕШНОСТ
Внатрешноста е во состојба Б- што би рекле: Кожните седишта се здрави, но забот на времето си го зима својот данок. Не се никаде искинати, но на возачкото седиште има мали траги каде бојата е излижана. Исто така, надворешниот супорт на возачкото седиште е малку налегнат (од влегуење со газот на работ).
На совозачкиот ербег, оштетени се лежиштата за жабиците што го држат капакот, па изгледа како малце подизлезен (стандардна болка на 147/156/166), но ербегот е комплетно функционален.
Плафонот (небото) е за менување или претапацирање, иако не виси како вреќа.
Секако, има по некоја поткршена жабица или пластиче, но такви работи се наоѓаат лесно и не е проблем да се сменат.
Климата работи, беспрекорно, фреон никогаш не е полнет пошто немало потреба (можда треба да се провери количеството и да се дополни по потреба)
Ме зае*ава дугменцето за одмаглување на задниот прозор, но работи, само треба малку убедување.
Зае*ава индикаторот за лев жмигавец, жмигавците секако функционираат нормално.

НАДВОРЕШНОСТ
Каросериски е, благо речено - оштетена :) Има доста гребаници, избледена боја, по некое изгребано ќоше, со преден браник на еден у кука му влегов итн... Генерално, немала некој голем судар, кој довел до изместување на колата.
Р`ѓа нема!
Фаровите се избледени, треба да се интервенира на нив.
Шофершајбната или треба да се исполира, или да се смени
Прозорите се затвораат и отвараат без проблеми, со мала нерешителност на возачкиот прозор.
Лајсни, пластики и остало е генерално све тука.
Рачката на возачката врата од надвор ми се заеба лани, но нешто направија моиве мајстори, па е генерално среден проблемот.
Штракаат ко пушка кога се репетира граничниците на вратите.

--------

Тоа би било генерално описот на колата.

Во прилог на колата одат летни Hankook гуми 2016 и 2017 година, 205/55 на 16-ки алу бандаши, како и зимски Semperit 185/65 на 15-ки бандаши.
Гратис ќе ги дадам и кровните шипки и држачи, купени лани но за жал малце оштетени, но потполно функционални. (за естетика ако сака некој, може од еуростил да си купи нови шипки само).
Со колата доаѓа и Alpine радио, постаричко, но арничко, со Alpine предни компонентни звучници (со скретници),а во задните тапацири се оригиналните звучници, со накнадно ставени твитери (дифолт нема твитери).


Барам брза продажба, затоа и ставам фиксна цена од 1850 евра. Ако не се лажам, треба да е меѓу најефтините понуди на регистрирани 147ци со овој мотор.

Бујрум, понуди и прашања доколку има.

Слики ќе поставам утре/задутре, бидејќи треба да ја потсредам малце невестата за сликање.

EDIT: Слики:


























Цела галерија: https://imgur.com/a/tNaUmQC





« Последно менување: 16 Март 2021, 20:08:26 pm Simo - Carrier159 »

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен dbl.dzo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1831
  • Alfa Romeo 147 1.9 JTD
Одг: Продавам Alfa Romeo 147 JTD 16v M-Jet
« Одговори #1 на: 30 Јануари 2021, 23:55:15 pm »
Жалам што мора да се збогуваш со возилото, али се надевам дека имаш некои поголеми планови :)

За цената одма ќе ти коментирам дека веќе е испод тарифа, па уште клаберски попуст на тоа и багатела ќе биде. За жал нагло паднаа цените на овој пред-фејслифт модел, и најзачуваната едвај надминува 2к еу.

Можам да потврдам за сите овие информации што ги има Симо пишано, не е nOvA pALi vOzI али ќе му брка работа на наредниот сопственик. Се разбира, се зависи и од наредниот газда. Со среќа продажбата Симо! Пушти ја и на групата Купи-продај Алфа.


Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43699
  • Il Moderatore
Одг: Продавам Alfa Romeo 147 JTD 16v M-Jet
« Одговори #2 на: 31 Јануари 2021, 00:01:03 am »
Фала Даблџо, секако кога ќе посликам тековна состојба ќе ја пуштам насекаде.
 

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7056
Одг: Продавам Alfa Romeo 147 JTD 16v M-Jet
« Одговори #3 на: 31 Јануари 2021, 21:09:53 pm »
Колата си имаше среќа да има толку совесни сопственици кои ќе ј мазат и пазат, мислам дека премногу песимистички ја опиша колата.

Да бидеме реални, стара е скоро 20 години и е сѐуште во пали-вози состојба. Нормално дека ќе има амортизација, затоа цената е колку 4 просечни плати.

Реалноста е дека колата ја даваш скоро како поклон за мал надомест.

Со среќа продажбата и да се надеваме дека добро ќе ја "омажиме"

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43699
  • Il Moderatore
Одг: Продавам Alfa Romeo 147 JTD 16v M-Jet
« Одговори #4 на: 31 Јануари 2021, 21:24:20 pm »
Не е песимистички опишана. Реален си е описот. Како да опишеш кола која редовно секојдневно употребувана 17-тина години? Сигурно си има маани, и сигурно ќе има занимации следниот газда. Не може да му дадам гаранција 3 години или 100.000км. Да можев, ќе беше 18.500 евра, не 1.850. :)
« Последно менување: 31 Јануари 2021, 21:58:50 pm Simo - Carrier159 »

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5653
Одг: Продавам Alfa Romeo 147 JTD 16v M-Jet
« Одговори #5 на: 31 Јануари 2021, 22:18:35 pm »
Колата си имаше среќа да има толку совесни сопственици кои ќе ј мазат и пазат, мислам дека премногу песимистички ја опиша колата.

Да бидеме реални, стара е скоро 20 години и е сѐуште во пали-вози состојба. Нормално дека ќе има амортизација, затоа цената е колку 4 просечни плати.

Реалноста е дека колата ја даваш скоро како поклон за мал надомест.

Со среќа продажбата и да се надеваме дека добро ќе ја "омажиме"
So srekja prodazbata samo malce da ti repliciram prosekov na plata kaj go izvadi mnogu napunpan nekako

Отсутен dame

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3176
    • https://www.facebook.com/pages/Hemisko-I-Poliranje-Na-Vozila/373554479331896
Одг: Продавам Alfa Romeo 147 JTD 16v M-Jet
« Одговори #6 на: 31 Јануари 2021, 22:19:07 pm »
So sreka prodazba

Отсутен AllMightyMe

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7056
Одг: Продавам Alfa Romeo 147 JTD 16v M-Jet
« Одговори #7 на: 31 Јануари 2021, 22:22:21 pm »
Не е песимистички опишана. Реален си е описот. Како да опишеш кола која редовно секојдневно употребувана 17-тина години? Сигурно си има маани, и сигурно ќе има занимации следниот газда. Не може да му дадам гаранција 3 години или 100.000км. Да можев, ќе беше 18.500 евра, не 1.850. :)

Кога ќе видиш што се се продава, ќе сфатиш.

@Vlatce-Vectra
Не го измислив јас, државата го измисли. Просечна плата е ~27к денари. Таа се пресметува со тоа што некој јаде зелка, некој месо, во просек сите сарма :)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43699
  • Il Moderatore
Одг: Продавам Alfa Romeo 147 JTD 16v M-Jet
« Одговори #8 на: 31 Јануари 2021, 22:24:39 pm »
Баталете просекот... Да бевме у германија, со германски просек, веројатно цената на огласов ќе беше 850евра, не 1850 :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6841
  • French diamond
Одг: Продавам Alfa Romeo 147 JTD 16v M-Jet
« Одговори #9 на: 31 Јануари 2021, 22:37:23 pm »
Море и таму држат цена швабите, дури поскапи се од тука колите, а кршој.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14287
  • Пудингот на шоферството
Одг: Продавам Alfa Romeo 147 JTD 16v M-Jet
« Одговори #10 на: 01 Февруари 2021, 00:37:39 am »
Epa racunaj uvezenitw kakvi krsoj se,poso plateni davacki,kjar za trgovecot i kupena od Germanija i pak e poevtina odkolku vo Germanija.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен tomaso

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2170
Одг: Продавам Alfa Romeo 147 JTD 16v M-Jet
« Одговори #11 на: 01 Февруари 2021, 09:39:07 am »
Ретко искрен и реален опис на состојбата на возилото. Се надевам на брза продажба. Што е планот за наредно?
Уште еден турбо бензин ?

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
Одг: Продавам Alfa Romeo 147 JTD 16v M-Jet
« Одговори #12 на: 01 Февруари 2021, 11:26:44 am »
Џулиета додека има на залиха 😄

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5854
Одг: Продавам Alfa Romeo 147 JTD 16v M-Jet
« Одговори #13 на: 01 Февруари 2021, 11:32:39 am »
Голф тди.

Sent from my M2007J20CG using Tapatalk


Отсутен bramovsk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3875
Одг: Продавам Alfa Romeo 147 JTD 16v M-Jet
« Одговори #14 на: 01 Февруари 2021, 13:39:49 pm »
Многу си напишал :)

„Колата е пали-вози, мотрот е ракета,  у кривина лежи ко да е у пижами. Може да се види во било кој сервис по желба. Цана 2200 евра. Не е фиксна“