Дечки, дојде време да се збогуваме со 147-цата. Ако некој сака да си ја бара бељата со Алфа, еве му шанса
Еве ја историјата на возилото тука на форумот:
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,8025.0.html Воглавно описот би бил оваков:
Не е перфектна состојба, не е како нова, не е без грепка, не е стакло, не е нов увоз chchchch.
Всушност колата е:
Alfa 147 2004-та година, 3 врати, со 1.9 JTD 16v M-Jet мотор и 103KW (140КС). Има поминато околу 225.000 (така покажува тахометарот, но не гарнтирам за километражата). Во наш, фамилијарен посед е од 2013-та година, и тогаш на тахометарот покажуваше (сомнително мали) 122.500. Како и да е, за последниве 100.000км, знам дека се реални
Колата е регистрирана
(со зелен картон) до 16 Март 2022.
МЕХАНИКА И ПОДВОЗЈЕВо добра механичка состојба, мотор и погон се многу солидни и доста ревносно секогаш одржувани. Ремени, затегачи, уља, течности менувани секогаш на време, што се однесува до филтрите и маслото дури и пред време, односно барем еднаш годишно или околку 10-12.000км (фабричка препорака е на 2 години или 20.000км). Секогаш е менуван и дизел филтер во редовниот сервис.
Од побитните работи, ремен (сосе водна пумпа) сменет пред 2 години или 200.000.
Потоа, сменети се предни амортизери Bilstein B4 пред подолго време (85% имаа на последното мерење), а минатата година и задните со Monroe.
Сите делови на подвозје се одлични (предницата е сеуште TRW во горните и долните вилушки), позади се сменети штанглите пред некој месец (веднаш после амортизерите).
Дискови одлични (и предни и задни), лани менував плочки напред, а потоа и позади (ни цвик ни мик, кочат "on a dime"). Напред се Ferodo premium плочки и Brembo дискови, а позади се брембо дисковите, а не ми текнува што плочки се (кочат, да не му ја мислите).
Турбото има малце масно по цевките од внатре, но е во солидна состојба, ни свири ни пушта ни мрси од надвор.
ДМФ ламели пумпи за куплунг итн, све е тоа со тек на време сменето и е во солидна состојба.
Уље не троши од промена до промена. Точено е Fuch Titan од страна на брат ми, а потоа јас користев Texaco.
Единствена замерка за моторот е што има мали до умерени вибрации во лер, кои при возење ги нема. Вибрациите верувам дека се јавуваат поради
држачите на мотор, но ако не ставите оригинални (од злато напраени), тешко дека ќе се реши проблемот.
Исто така треба да се смени дихтунг на издувна грана (ова може и јас ќе го средам деновиве), малце свири на ладен мотор. (средено)
Еден навој на задна главчина од тркалата е провртен
ВНАТРЕШНОСТВнатрешноста е во состојба Б- што би рекле: Кожните седишта се здрави, но забот на времето си го зима својот данок. Не се никаде искинати, но на возачкото седиште има мали траги каде бојата е излижана. Исто така, надворешниот супорт на возачкото седиште е малку налегнат (од влегуење со газот на работ).
На совозачкиот ербег, оштетени се лежиштата за жабиците што го држат капакот, па изгледа како малце подизлезен (стандардна болка на 147/156/166), но ербегот е комплетно функционален.
Плафонот (небото) е за менување или претапацирање, иако не виси како вреќа.
Секако, има по некоја поткршена жабица или пластиче, но такви работи се наоѓаат лесно и не е проблем да се сменат.
Климата работи, беспрекорно, фреон никогаш не е полнет пошто немало потреба (можда треба да се провери количеството и да се дополни по потреба)
Ме зае*ава дугменцето за одмаглување на задниот прозор, но работи, само треба малку убедување.
Зае*ава индикаторот за лев жмигавец, жмигавците секако функционираат нормално.
НАДВОРЕШНОСТКаросериски е, благо речено - оштетена
Има доста гребаници, избледена боја, по некое изгребано ќоше, со преден браник на еден у кука му влегов итн... Генерално, немала некој голем судар, кој довел до изместување на колата.
Р`ѓа нема!
Фаровите се избледени, треба да се интервенира на нив.
Шофершајбната или треба да се исполира, или да се смени
Прозорите се затвораат и отвараат без проблеми, со мала нерешителност на возачкиот прозор.
Лајсни, пластики и остало е генерално све тука.
Рачката на возачката врата од надвор ми се заеба лани, но нешто направија моиве мајстори, па е генерално среден проблемот.
Штракаат ко пушка кога се репетира граничниците на вратите.
--------
Тоа би било генерално описот на колата.
Во прилог на колата одат летни Hankook гуми 2016 и 2017 година, 205/55 на 16-ки алу бандаши, како и зимски Semperit 185/65 на 15-ки бандаши.
Гратис ќе ги дадам и кровните шипки и држачи, купени лани но за жал малце оштетени, но потполно функционални. (за естетика ако сака некој, може од еуростил да си купи нови шипки само).
Со колата доаѓа и Alpine радио, постаричко, но арничко, со Alpine предни компонентни звучници (со скретници),а во задните тапацири се оригиналните звучници, со накнадно ставени твитери (дифолт нема твитери).
Барам брза продажба, затоа и ставам
фиксна цена од 1850 евра. Ако не се лажам, треба да е меѓу најефтините понуди на регистрирани 147ци со овој мотор.
Бујрум, понуди и прашања доколку има.
Слики ќе поставам утре/задутре, бидејќи треба да ја потсредам малце невестата за сликање.
EDIT: Слики:
Цела галерија:
https://imgur.com/a/tNaUmQC