Веќе нели имаше прва вакцинација само што се роди. Таа ја помина без проблем.
За оваа вакцинација крвната слика покажува мала анемија и во Јане Сандански не „одбија“, као вратете се малку нека му ојача крвта.
Претходно бевме на консултација со резултатите од крв во Систина, кај Д-р Антони Христовски кој нели рече не се сеќирајте, нормално е да има мала анемија на 3 месеци. Тоа нешто одеше во прилог што она јас што го читав на нет. Муабетот беше као слободно одете на вакцинација.
Така што, не дека ми се брза нешто, периодов ќе го носам нешто на повисока надморска висина, нешто можда Банско ова она, малку да го стимулираме хемоглобинот, ама убаво е да се чуе, второ/трето мислење.
Фала за советите за во Козле. Веќе имавме разбрано за нив (мислам дека гледавме на Телма тоа 0м+ како се вика емисијата).