Автор Тема: CARclub дечиња!  (Прочитано 334689 пати)

Отсутен Gabau

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 489
Одг: CARclub дечиња!
« Одговори #1620 на: 22 Декември 2016, 08:34:15 am »
Ефералган сируп нема више (ваљда после аферата не го носат), Понстанот е добар само консултирајте се со матичниот колку е мин. време меѓу две дози пошто е со бруфен и јак е.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22224
Одг: CARclub дечиња!
« Одговори #1621 на: 22 Декември 2016, 09:35:20 am »
По јачина Далеронот и Парацетамолот се послаби од Блокмакс., а Блокмаксот е послаб од Понстан.
Кога Блокмакс гледате дека не делува, нема друго освен Понстан.

Внимавајте на дозата во зависност од висината на температурата и возраста на детето бидејќи нагло делува и недајбоже може да падне во хипотермија.

Се дава на 8 часа, односно 6 ако температурата е 39 или над 39.
« Последно менување: 22 Декември 2016, 09:43:42 am Stratro »

Отсутен KaZaN

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3950
  • Шуруп Мајстор
    • Шуруп Мајстор
Одг:
« Одговори #1622 на: 22 Декември 2016, 09:45:57 am »
И Блокмаксот е Ибупрофен уствари. Во дозата е битна и килажата на детето исто така... :)

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг:
« Одговори #1623 на: 22 Декември 2016, 13:50:57 pm »
Нема потреба да одите на доктор, слободно давајте тоа што ви кажуваат тука.

Sent from my Huawei P9


Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22224
Одг: CARclub дечиња!
« Одговори #1624 на: 22 Декември 2016, 13:58:34 pm »
Се напраи паметен ти..м? ;D

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг:
« Одговори #1625 на: 22 Декември 2016, 14:10:09 pm »
Попаметно нешто од делење стручни совети за давање лекарства на деца од нестручни лица нема, ти што мислиш?

Sent from my Huawei P9


Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14715
Одг: CARclub дечиња!
« Одговори #1626 на: 22 Декември 2016, 14:10:39 pm »
Приспособувал некој од вас некоја дрангулија за бебе (релаксатор, проектори и сл.) од батерии на адаптер?

И јас барам исто решение :)

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22224
Одг: CARclub дечиња!
« Одговори #1627 на: 22 Декември 2016, 14:17:23 pm »
Попаметно нешто од делење стручни совети за давање лекарства на деца од нестручни лица нема, ти што мислиш?

Sent from my Huawei P9\


Не знам дали имаш деца, али ако имаш крајно време да почнеш да правиш разлика меѓу споделување искуства со различни лекарства и делење стручни совети, бидејќи сешто ќе прочиташ по нетов.



Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг:
« Одговори #1628 на: 22 Декември 2016, 14:38:23 pm »
Стручни совети во наводници.

Sent from my Huawei P9


Отсутен Gabau

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 489
Одг: CARclub дечиња!
« Одговори #1629 на: 22 Декември 2016, 14:48:52 pm »
Тука станува збор за парацетамол/бруфен од разни производители од кои некои имаат подобар ефект во однос на другите. Понстанот (бар кај моите деца) во задње време се покажа како многу ефикасен и таков совет не е никаково надрилекарство.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22224
Одг: CARclub дечиња!
« Одговори #1630 на: 22 Декември 2016, 14:51:00 pm »
Стручни совети во наводници.

Sent from my Huawei P9



Искуства со различни лекарства пропишани и ставени во продажба од стручни лица ....без наводници.
Пишав дека освен еден сируп против температура, постои и друг..во мојов случај далеку по ефективен од првиот.
Не реков детото на бајачка да го носат.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14715
Одг: CARclub дечиња!
« Одговори #1631 на: 22 Декември 2016, 14:52:10 pm »
Прво, парацетамол се дава секогаш, особено на мали деца.

Нема врска со надрилекарство.

Високата температура е најопасно нешто кај мали деца.

Лично јас си знам, кога на 2-3 години ми се искриви едно око заради висока температура, па после 5 години ми требаше да го оправам и пак имам еден мал агол што ептен ми смета.


Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: CARclub дечиња!
« Одговори #1632 на: 22 Декември 2016, 15:06:13 pm »
Нели високата температура децата ја поднесуваат многу полесно, побезболно и со помалку последици отколку старците?

Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14715
Одг: CARclub дечиња!
« Одговори #1633 на: 22 Декември 2016, 15:12:50 pm »
Нели високата температура децата ја поднесуваат многу полесно, побезболно и со помалку последици отколку старците?

Nope!

Има далеку повеќе компликации што можат да настанат.

Еве јас ти сум жив пример за тоа.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22224
Одг: CARclub дечиња!
« Одговори #1634 на: 22 Декември 2016, 15:26:10 pm »
Втор пример е другарче од средно со видни последици како што опиша Карпатиан со окото//но кај него беше и устата....дури имаше и мало ментално заостанување. Сам си кажа...поради висока температура, но и долго време не спуштена.

Затоа Ахтунг во вакви ситуации е корисно да знаеш што повеќе типови на различни лекарства кога оние кои ти ги пропишале очигледно не делуваат. Доволно е да знаеш дека постои, а за начинот на користење и дозирање има кој да каже, а и си пишува на ливче како кај секој лек.

Друг е муабетот колку можеш да се потпреш на "стручњациве" по нашите амбуланти.
Јас лично на лице место сменив матичен лекар за детево во локалната амбуланта , откако кога ќерка ми им ја однесов со афти во уста и гнојна ангина на грлото со температура, ми рече " Ништо не и е....нека пие чај од камилица, нема потреба од препишување лекарства, сама ќе се излечи"..а детево неможе да збори од болка и на моменти блада од висока температура.